Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕ СЕ ЗАЛЕТУВАЈТЕ ЗА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА БЕЗ ДА ПРОВЕРИТЕ СЕ: Се бараат работници, но, ги исполнувате ли сите услови? Конечно детали за тоа какви работници им требаат
Економија

НЕ СЕ ЗАЛЕТУВАЈТЕ ЗА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА БЕЗ ДА ПРОВЕРИТЕ СЕ: Се бараат работници, но, ги исполнувате ли сите услови? Конечно детали за тоа какви работници им требаат

17/05/2023

AA

Недостигот од работници во Германија е евидентен во социјалните служби, посебно во областите каде што се вработуваат воспитувачи, грижата за старите и болните. Правилото е исто: колку е поголемо училиштето, толку е поголема потребата од вработување.

Но, ништо не е толку едноставно: иако 25.000 чистачи бараат работа, најтешко ќе најдат работи оние со завршен факултет за општествени науки.  Овој март во Заводот за вработување имаше речиси 57.000 стручњаци од областите маркетинг и пропаганда. Ниту на уметниците не им е лесно – на берзата моментално се регистрирани околу 40.000 уметници од различни видови, меѓу кои и 167 волшебници кои не можеле ниту да „извлечат работа од волшебната капа“. 

Исто така често се слуша дека на Германија и недостасуваат добри занаетчии. и тука вработувањето зависи од многу фактори. зависи за каде е работата, за која професија се работи. На пример, во моментов работа бараат над 18.000 молери, 11.000 работници на сува градба, 86.000 мајстори за одржување на инсталации во згради…

Штефан Хардеге од Комората објаснува дека „често се гледа дека квалификациите на невработените во многу аспекти не соодветствуваат со стручноста што ја бараат компаниите“. Дополнително, неговиот впечаток е дека особено младите веќе не можат да замислат живот во кој секојдневно ќе поминуваат по 8 часа на работа. Тој додава дека работодавачите се подготвени да направат многу отстапки за да привлечат стручњаци кои им се потребни, но ниту прашањето за платата не се поставува како главен проблем во сето тоа.

Сепак, и покрај тоа што многу се зборува за побарувачката на експерти во ИТ секторот, според статистиката на германската агенција за вработување, работа бараат околу 50.000 ИТ професионалци. Со оглед на написите во медиумите и изјавите на надлежните, изгледа неверојатно дека на берзата на труд има и околу 13.000 медицински сестри и 6.000 негувателки за стари и изнемоштени лица. Вкупно 95.000 луѓе од медицинските професии бараат работа во Германија, а понекогаш токму таков кадар се вработува од земјава и околните држави.

Се разбира, статистиката на Службата за вработување не кажува сè. Проблемот не е само недостигот, туку честопати тешката и неблагодарна работа каде некои луѓе одлучуваат да ја напуштат работата и да се приклучат на берзата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
Македонија

Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

16/08/2026
Македонија

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за

16/08/2026
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45056
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026

Нов голем успех за македонското планинарство, Горан Митков, член на СПД „Пробиштип“, успешно се искачи на врвот Казбег во Грузија,

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026

Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони пиперки од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволената

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy