Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРИСТИГНА ПОТРЕБНАТА ПОДДРШКА ЗА СЛАВЕСКИ: ВМРО-ДПМНЕ дава зелено светло за тој да биде гувернер
Економија

ПРИСТИГНА ПОТРЕБНАТА ПОДДРШКА ЗА СЛАВЕСКИ: ВМРО-ДПМНЕ дава зелено светло за тој да биде гувернер

22/05/2025

AA

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка за предлогот Трајко Славески да биде иден гувернер, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Во изјава за медиумите дадена при денешната посета на Желино, Мицкоски рече дека согласно Уставот обврска на претседателот на државата е да го даде предлогот за гувернер. 

– Тоа е одлука на претседателот на државата, не е одлука на Владата. Согласно Устав, претседателката на државата го поднесува тој предлог така што немам што да коментирам. Предлогот ќе ја добие поддршката од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.

Славески треба да биде избран на пленарна седница со просто мнозинство од 61 глас. 

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчера го предложи проф. д-р Трајко Славески за нов гувернер на Народната банка, откако претходно разговараше со кандидатите за гувернер на Народната банка. 

Од Кабинетот на претседателката информираа дека при донесувањето на одлуката, претседателката се водела од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот.

– Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати, посочија од Кабинетот на претседателката.

Славески е универзитетски професор на Економскиот факултет во Скопје и поранешен министер за финансии. Во моментот тој ја извршува фунцијата претседател на Советот на Град Скопје. Славески доаѓа на местото на досегашната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска која беше прва жена на оваа функција.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026
Македонија

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ

09/09/2026
Македонија

Скандал во Советот на Град Скопје: Разрешен Училишниот одбор на

09/09/2026
Македонија

Македонските ученици со нов пад – математиката им е најслаба

09/09/2026
Македонија

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026
Македонија

Сеопфатното сексуално образование оди на ревизија, МОН го повлече предметот

09/09/2026
Македонија

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026
Македонија

Полицијата приведе 21 возач: 14 без положен испит, четворица со

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45595
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026

Бугарската агенција за безбедност на храната (BFSA) го суспендираше пристапот до пазарот на ЕУ за две пратки – едната со

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ в понеделник со нови цени,

09/09/2026

Цените на нафтата на светските берзи драматично растат како резултат на ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток. Суровата нафта „Брент“,

Скандал во Советот на Град Скопје: Разрешен Училишниот одбор на „Панче Арсовски“, опозицијата обвини за

09/09/2026

Советот на Град Скопје на денешната седница донесе одлука за разрешување на Училишниот одбор на гимназијата „Панче Арсовски“, постапувајќи по

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy