Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Приходите од руската нафта и гас паѓаат
Македонија

Приходите од руската нафта и гас паѓаат

08/04/2025

AA

Буџетските приходи на РУСИЈА од нафта и гас нагло се намалија во првиот квартал, како одраз на високата споредбена основа во 2024 година и пониските просечни цени, покажаа податоците на веб-страницата на Министерството за финансии.

Во периодот од јануари до март, Русија заработила 2,64 трилиони рубљи или 30 милијарди долари од нафта и гас, цитира новинската агенција ТАСС податоци на министерството.

Приходите се намалени за 9,8 отсто во однос на истиот период лани, пред се поради тоа што бројките за февруари 2024 година вклучуваат еднократен приход од данокот за екстракција на нафта, објаснуваат од Министерството за финансии.

Меѓу причините ја наведоа и пониската просечна цена на нафтата.

Фондот за стабилизација како заштита од пазарни флуктуации
Помалите приходи се „покриваат“ со „вишокот“ од поволниот ценовен период и пари од стабилизациониот фонд за заштита на буџетот од флуктуации на цените на нафтата и гасот, потсетуваат од министерството.

Флуктуациите на цените на нафтата се и главниот канал преку кој ескалацијата на царинските војни може да допре до руската економија, изјави денеска во Думата гувернерката на централната банка Елвира Набиулина.

„Главниот можен канал на влијание е флуктуацијата на цената на нафтата, падот на цената на нафтата“, објасни Набиулина.

Прогнози за цената на нафтата
Централната банка проценува дека барел нафта оваа година во просек ќе чини 65 долари. Во 2026 година неговата цена би требало да падне на 60 долари, пресметале тие.

На лондонскиот пазар во вторник попладне барел се тргуваше по 64,68 долари.

Буџетските приходи на Русија од другите економски сектори изнесуваат 6,4 трилиони рубљи (75 милијарди долари) во првиот квартал, што е за 10,6 отсто повеќе од истиот период минатата година, покажуваат податоците на Министерството за финансии.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📽️ НЕОФИЦИЈАЛНО ЗАПЛЕНЕТИ СЕ РЕКОРДНИ 27 ТОНИ МАРИХУАНА Детали од

05/02/2026
Македонија

Димитриевски: Задоволен сум од платата, ама јас од плата не

05/02/2026
Македонија

ИСТРАГАТА СЕ ВОДИ, ЈАВНОСТА ЌЕ ДОЗНАЕ СÈ Мицкоски најави разрешница

05/02/2026
Македонија

Нова измама, овој пат СМС од Телеграм – не кликајте

05/02/2026
Македонија

НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ БЕЗ ГАРАНЦИИ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИЈА Премиерот со јасна

05/02/2026
Македонија

Возачите на ЈСП сами ќе си ги плаќаат казните од

05/02/2026
Македонија

ПОДНЕСЕНА КРИВИЧНА ПРИЈАВА: Заканите за убиство на полицајци во Битола

05/02/2026
Македонија

Се укинува функцијата потпретседател во ВМРО-ДПМНЕ, во 2029 година ново

05/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41098
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Песков: Русија е подготвена да му помогне на Иран на многу начини, сè зависи од

23/06/2025

Русија е подготвена да му помогне на Иран на различни начини поради ескалацијата на Блискиот Исток, а тоа во голема

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy