Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ: Наместо неселeктивна правда за Кочани – МВР гони млади за Фејсбук статуси
Македонија

СДСМ: Наместо неселeктивна правда за Кочани – МВР гони млади за Фејсбук статуси

08/04/2025

AA

Изминува четвртата недела од страшната несреќа во Кочани во која згасна 61 живот а 200 луѓе беа повредени, вели на прес-конференцијата портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„Истрагата за најголемата несреќа во поновата македонска историја сè уште не дава одговори на клучните прашања:

Кој е одговорен за пожарот во „Пулс“ и за сериозните пропусти на безбедносните институции?

Сè уште нема проширување на истрагата за безбедносните пропусти направени на кобната ноќ – ниту пак на оние што ѝ претходеле.

Ниту еден функционер од МВР, ОВР Кочани, СВР Штип или БЈБ не е повикан на распит, ниту опфатен со постапка.

Наместо тоа, МВР поднесува кривични пријави против граѓани за објави на Фејсбук кои јавно бараат правда и неселективна истрага.

Дури и на младите кои протестираа во Кочани и го изразуваа својот револт за загубените животи на нивните другари и другарки МВР им поднела кривични пријави.

Не се повикуваат оние кои биле на функции, нема кривични пријави, ама затоа се гонат младите кои пишуваат на Фесјбук и кои бараат одговорност и неселективна правда.

Дали МВР смета дека на овој начин некој треба да биде замолчен?

Слободата на говор не е закана за истрагата. Младите не се непријатели – тие се совеста на ова општество.

СДСМ бара од МВР веднаш да престане со притисоци и гонење на граѓани поради ставови и јавно изразено мислење.

Ги повикуваме и Хелсиншкиот комитет и другите организации за човекови права да реагираат.

Јавноста со право бара одговори за трагедијата и го поставува прашањето – зошто истрагата е селективна и не ги опфаќа сите инволвирани лица и актуелни функционери?

Граѓаните, семејствата на загинатите и целата јавност заслужуваат вистина и правда – не молк и страв“, вели Кузеска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На денешен ден загина Гоце Делчев – симболот на македонската

04/05/2026
Македонија

Груевски се јави по најавите за екстрадиција од Унгарија

03/05/2026
Македонија

Хаос на границите: Долги колони и чекање до три часа!

03/05/2026
Македонија

Приведени 11 возачи за безобѕирно управување возило!

03/05/2026
Македонија

Слободата на медиумите – темел на демократијата, мирот и човековите

03/05/2026
Македонија

Приведени три лица, вкупно четири пријави за семејно насилство во

03/05/2026
Македонија

Математички гениј од Македонија ја освои Германија – две злата

03/05/2026
Македонија

Сообраќајка помеѓу возило и тротинет: Тешко повредено 14-годишн девојче од

03/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43039
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На денешен ден загина Гоце Делчев – симболот на македонската борба за слобода

04/05/2026

На денешен ден загина Гоце Делчев – еден од најзначајните македонски револуционери и симбол на борбата за слобода и национално

Груевски се јави по најавите за екстрадиција од Унгарија

03/05/2026

Поранешниот премиер Никола Груевски експресно реагираше на изјавите на министерот за правда, кој пред медиумите објаснуваше дека подготвува документација за

Хаос на границите: Долги колони и чекање до три часа!

03/05/2026

Продолжениот викенд полека завршува, а со тоа започна и зголемениот сообраќаен метеж на граничните премини меѓу Грција и Македонија. Илјадници

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy