Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 При палење стрниште, пожарот го зафатил и него – загина 63-годишен прилепчанец
Македонија

При палење стрниште, пожарот го зафатил и него – загина 63-годишен прилепчанец

06/04/2024

AA

Во несреќен случај, од пожар загина 63-годишен прилепчанец кој палел стрниште на својата нива. При палењето на стрништето прилепчанецот бил зафатен од пожарот и починал на местото на несреќата. Итната помош само констатирала смрт и поради несреќата нема да се изврши обдукција зашто нема траги на насилство.

Како што информира основниот јавен обвинител Стевчо Биноски, несреќата се случила околу 13 часот.

-Прилепчанецот запалил стрниште на својата нива во месноста викана Поводенци кај Прилеп. Пожарот излегол од контрола, ги зафатил и другите ниви, но го опфатил и 63-годишниот прилепчанец со иницијали С.Д. Прилепчанецот загинал на местото на несреќата. Екипата на итната помош само констатирала смрт. Пожарот ги зафатил и другите ниви, но од противпожарната единица од Прилеп е изгаснат, рече основниот јавен обвинител Стевчо Биноски.

Според командирот на прилепската противпожарна единица Кристијан Момироски, екипите на единицата за брзо време го изгаснале пожарот, но доцна било за 63-годишниот прилепчанец.

-Излеговме на терен со 2 возила и 8 пожарникари. За брзо време пожарот е изгаснат, но кога пристигнала нашата екипа возилото на Итната помош веќе заминувало од местото на настанот со телото на починатиот, рече Момироски

Од Итната помош во Прилеп истакнаа дека нивната екипа можела само да констатира смрт.

Ова е прв случај на несреќа со загуба на човечки живот при палење стрниште. Не е наредена обдукција зашто нема траги на насилство и случајот е прогласен за несреќен.

Од прилепската противпожарна единица велат дека овој период годинава во споредба со лани има за 30 насто повеќе пожари на отворено, на објекти и во други случаи. Главен фактор е човекот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИДЕА СО ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈА ОТКРИЕНИ ВО ОХРИД На 42-годишник му

21/10/2026
Македонија

28 ПИШТОЛИ БЕЗ ДОЗВОЛА, 63-ГОДИШНИК ВО ПОЛИЦИЈА Голема акција на

21/10/2026
Македонија

ВО НЕДЕЛА СЕ ВРАЌАМЕ НА ЗИМСКОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО Македонија

21/10/2026
Македонија

8 НОВИ СЛУЧАИ НА ХИВ/СИДА ВО СЕПТЕМВРИ Меѓу заразените е

21/10/2026
Македонија

СЛУЧАЈОТ СО ИВА МИХАИЛОВА Е БУГАРСКИ ПРЕДИЗБОРЕН ФОЛКЛОР Мицкоски вели

20/10/2026
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА Е ПРАВЕН, А НЕ ЗДРАВСТВЕН ПРОБЛЕМ Клековски во

20/10/2026
world

Скандал што ја потресе Саудиска Арабија: Егзекутирани двајца државјани на

20/10/2026
Македонија

РАКОВОДСТВОТО НА СДСМ СЀ ПОВЕЌЕ НАЛИКУВА НА СЕКТА „Разговори во

20/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46292
  • Регион 3997
  • Свет 15
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИДЕА СО ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈА ОТКРИЕНИ ВО ОХРИД На 42-годишник му е одреден притвор од 30

21/10/2026

Четириесет и двегодишен охриѓанец заврши во притвор откако полицијата при претрес во неговиот дом пронашла и одзела десктоп-компјутер и видеоснимки

28 ПИШТОЛИ БЕЗ ДОЗВОЛА, 63-ГОДИШНИК ВО ПОЛИЦИЈА Голема акција на МВР во Куманово

21/10/2026

Дваесет и осум пиштоли за светлосно-звучна сигнализација биле пронајдени во деловен простор во Куманово, а 63-годишен маж бил лишен од

ВО НЕДЕЛА СЕ ВРАЌАМЕ НА ЗИМСКОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО Македонија ќе го укине кога и

21/10/2026

Во ноќта меѓу сабота и недела, на 25 октомври, почнува зимското сметање на времето. Во 3 часот по полноќ часовниците

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy