
ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ АВИОН НА ЕР СРБИЈА: Ги носи боите и ознаките на EXPO 2027 и голема порака до светот
На аеродромот Никола Тесла денеска беше претставен новиот
авион на компанијата Ер Србија, Ербас А330-200, кој ги носи боите и ознаките на
специјализираната изложба EXPO 2027.
Првиот
потпретседател на Владата и министер за Финансии Синиша Мали изјави дека новиот
авион ќе лета за Кина и запад и ќе ја носи пораката „Дојди во Белград, дојди да
бидеме сите заедно во центарот на светот“.
– Станува збор за нов, широко трупен А330, кој има 262 седишта и кој ќе го
користиме за летови до Њујорк, Чикаго, но и до Тихуан и Гуангжу во Кина – изјави
Мали.
фото: Ер Србија
