Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Претседателката добила писмо: „Мојот брат има ретка болест – верувам дека ќе направите нешто за да му помогнете“
Македонија

Претседателката добила писмо: „Мојот брат има ретка болест – верувам дека ќе направите нешто за да му помогнете“

28/02/2025

AA

Претседателката Гордана Силјановска Давкова одржа емотивна средба со претставници на Националната алијанса за ретки болести, каде беа споделени секојдневните предизвици со кои се соочуваат лицата со ретки болести, како и пречките во образованието и социјалната сфера што сè уште не се надминати.

„Недозволиво е за овие луѓе и нивните проблеми да зборуваме само еднаш годишно, на 28 февруари – Меѓународниот ден на ретки болести. Лицата со ретки болести треба и мора да бидат порадикални за да ја зголемат својата видливост. А за да бидат перципирани како фактор кој мора да се земе предвид, неопходно е да делуваат заеднички,“ порача Силјановска Давкова.

Како решение за подобрување на состојбата, таа најави иницијатива за изработка на Национална стратегија за ретки болести, која ќе вклучи системски решенија за подобрување на пристапот до образование, социјални услуги, можности за вработување и пристојни услови за живот. Според неа, оваа стратегија треба да биде резултат на широка дискусија во Собранието, како институција што треба да создаде конкретни политики за подобрување на условите на лицата со ретки болести.

Средбата беше инспирирана и од едно писмо што претседателката го добила, во кое загрижено дете бара поддршка за својот брат со ретка болест:

„Мојот брат има ретка болест и е лице со попреченост. Многу би сакал да се подобрат условите за живот на овие луѓе и верувам дека ќе направите нешто за да се подобри состојбата,“ стои во писмото.

Претседателката Силјановска Давкова порача дека лицата со ретки болести секогаш ќе ја имаат нејзината поддршка и дека ќе се залага за конкретни мерки кои ќе им го подобрат животот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кривична пријава против претседателот и секретарот на Фудбалскиот сојуз Валандово

19/06/2026
Македонија

Доктор и медицинска сестра пријавени за обид за шверц на

19/06/2026
Македонија

Македонија ги менува правилата за „златните пасоши“ – инвестицијата повеќе

19/06/2026
Македонија

Во Македонија 40 минути, во Словенија 7 минути за Брза

19/06/2026
Македонија

Српски државјанин возел 188 километри на час на автопатот Куманово–Скопје,

19/06/2026
Македонија

Нов регистар за заштита од измами: Граѓаните ќе можат полесно

19/06/2026
Македонија

Алиу ги разрешува дилемите во јавноста: Модуларните сали од Клинички

18/06/2026
Македонија

Над 340 граѓани побарале помош преку „Отворениот кабинет“ на Министерството

18/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43821
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кривична пријава против претседателот и секретарот на Фудбалскиот сојуз Валандово – сомнежи за злоупотреба и

19/06/2026

Полицијата поднесе кривична пријава против претседателот и секретарот на Општинскиот фудбалски сојуз Валандово поради сомнение дека во период од неколку

Доктор и медицинска сестра пријавени за обид за шверц на ботокс вреден над 600 илјади

19/06/2026

Обид за внесување на голема количина ботокс преку поштенска пратка бил спречен од страна на царинските службеници, по што Царинската

Македонија ги менува правилата за „златните пасоши“ – инвестицијата повеќе нема автоматски да значи државјанство

19/06/2026

Македонија подготвува промени во системот за доделување државјанства на странски инвеститори, со кои треба да се намалат можностите за злоупотреби

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy