
ДЕЦАТА НАЈДЕНИ ВО КУЌА ВО БРЧКО СЕ СМЕСТЕНИ ВО ХОТЕЛ: Градоначалникот објасни каква помош им е обезбедена
Децата кои деновиве се најдени во куќа во Брчко во Босна и Херцеговина(БиХ) се сместени во хотел.
Градоначалникот на округот Брчко во Босна и Херцеговина, Синиша Милиќ денеска во изјава за медиумите рече дека децата кои биле пронајдени во куќата, а за кои постои сомневање дека се жртви на трговија со луѓе, моментално се сместени во еден од хотелите. Сега им се обезбедува медицинска и психолошка поддршка.
„Апсолутно е јасно дека она што се случи во Брчко оправдано привлече големо внимание во јавноста. Мислам дека во овој момент најважно е, имавме средба, институциите си ја вршат работата во овој случај. Работите се одвиваат според стандардите, полицијата и Обвинителството си ја вршат работата“, рече Синиша Милиќ во изјава за медиумите.
Луѓето кои се соседи на жената која ги чувала, рекоа дека таа добро се однесувала со децата.
фото притскрин Хит телевизија Брчко