Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Премиерот Димитар Ковачевски во официјална посета на Република Србија
Македонија

Премиерот Димитар Ковачевски во официјална посета на Република Србија

30/03/2023

AA

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, утре, 31.3.2023 година (петок), е во официјална посета на Република Србија. Во владината делегација која ја предводи премиерот Ковачевски се министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски како и заменик-министерот за информатичко општество и јавна администрација, Александар Бајдевски.

Во рамки на работниот дел од агендата на оваа официјална посета на Република Србија, планирана е церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести, а како и тет-а-тет средба меѓу претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и претседателката на Владата на Република Србија, Ана Брнабиќ.

Двете владини делегации, предводени од премиерите на Република Северна Македонија и Република Србија во рамки на официјалната посета ќе одржат заедничка пленарна средба, на која ќе се разговара за теми од интерес на граѓаните на двете земји, како и за натамошното продлабочување на односите.

По пленарната средба, предвидено е потпишување на меморандуми за соработка во рамки на иницијативата Отворен Балкан, како и заедничка прес-конференција на двајцата премиери, Димитар Ковачевски и Ана Брнабиќ во 11:30 часот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Во Македонија 40 минути, во Словенија 7 минути за Брза

19/06/2026
Македонија

Српски државјанин возел 188 километри на час на автопатот Куманово–Скопје,

19/06/2026
Македонија

Нов регистар за заштита од измами: Граѓаните ќе можат полесно

19/06/2026
Македонија

Алиу ги разрешува дилемите во јавноста: Модуларните сали од Клинички

18/06/2026
Македонија

Над 340 граѓани побарале помош преку „Отворениот кабинет“ на Министерството

18/06/2026
Македонија

Алиу: Спас за донацијата од 500.000 долари за хемофиличарите –

18/06/2026
Македонија

Алиу ја открива визијата за Новиот клинички центар: „8 Септември“

18/06/2026
Македонија

Алиу: Системот со отпечатоци од прст е поевтин чекор, срамота

18/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43818
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Во Македонија 40 минути, во Словенија 7 минути за Брза помош, министерот најави воведување на

19/06/2026

Во здравството времето е лек – или ќе го имате, или ќе го немате. Оваа сурова реалност најдобро ја отсликува

Српски државјанин возел 188 километри на час на автопатот Куманово–Скопје, полицијата му го одзеде „Поршето“

19/06/2026

Сериозно прекршување на сообраќајните правила било регистрирано вчера на автопатот Куманово–Скопје, каде што полицијата привела странски државјанин откако бил фатен

Нов регистар за заштита од измами: Граѓаните ќе можат полесно да ги проверуваат онлајн продавачите

19/06/2026

Домашниот пазар на е-трговија продолжува да бележи раст, а граѓаните отсега ќе имаат уште полесен начин да проверат дали купуваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy