Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 САНТЕ ПЛУС НАПЛАЌАЛА И ОД ПАЦИЕНТИТЕ И ОД ФОНДОТ Клековски ја открил шемата и побарал да се раскине договорот со болницата
Македонија

САНТЕ ПЛУС НАПЛАЌАЛА И ОД ПАЦИЕНТИТЕ И ОД ФОНДОТ Клековски ја открил шемата и побарал да се раскине договорот со болницата

29/10/2026

AA

Министерот за здравство, Сашо Клековски, откри дека денешната полициска акција е поради двојна наплата на здравствни услуги од страна на болницата Санте плус. За операција на очи услугата еднаш ја плаќал Фондот, а вторпат самиот пациент. И ова се правело масовно. Опфатени биле и други прекршоци, но овој бил најмасовен.

– Станува збор за повеќе видови на прекршоци, една од најмасовните е двојна наплата на пациентите односно земени се пари од Фондот за одредена услуга за која има договор и таа услуга под различни превези и изговори е наплаќана од пациентите. Во акцијата е вклучена една приватна здравствена установа која имаше договор со Фондот за здравствено осигурување и неколку лица од Фондот. Станува збор за злоупотреба на средства од Фондот за здравствено осигурување. Се надевам дека МВР наскоро ќе излезе со повеќе детали. Можам само да ја потврдам акцијата, да ја потврдам соработката и да изразам голема благодарност на истрајноста и упорноста на вработените во МВР и на Јавното обвинителство, што конечно една од ситуациите на кои работевме изминатите две години доаѓа до одредена завршница, барем во однос дека ќе има кривични пријави и судска постапка – рече Клековски.

Одговорајќи на новинарско прашање министерот рече дека токму тој бил иницијатор на истрагата бидејќи станувало збор за здравствена установа која повеќе пати сторувала прекршоци, но не била казнувана.

– Значи, не е еднаш, двапати, трипати. Туку постојано повторување на слични прекршоци за кои не била соодветно казнувана. Јас предложив на Комисијата за прекршоци, и таа прифати да се раскине договорот со таа здравствена установа за да се прекине ланецот на неказнивост. Истовремено побарав да се покрене истрага. МВР заедно со Секторот за контрола на Фондот за здравствено осигурување напорно работеше да се завршат сите работи. Беа вклучени и Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Агенцијата за лекови и други установи, за од сите аспекти да се затвори истрагата. И благодарам повторно на истрајноста на вработените во МВР на завршената работа – рече Клековски.

Тој рече дека во истрагата биле вклучени повеќе институции.

– Беа вклучени и ДСЗИ и Агенцијата за лекови и други установи за од сите аспекти да се затвори истрагата. Благодарам на истрајноста на вработените во Министерството за внатрешни работи на завршената работа – рече Клековски.

Во истрагата се опфатени пет лица кои биле вработени во Фондот за здравство и четири од приватната болница.

Првопријавен е Ден Дончев, поранешен директор на Фондот за здравствено осигурување.

Според неофицијални информации, штетата на Буџетот од шемата на оваа приватна здравствена установа е над 1,5 милиони евра. Противправно стекнатата материјална корист за болницата се проценува на околу 4 милиони евра, а оштетени биле голем број пациенти.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕМА НИ „К“ ОД КРИМИНАЛ СО УНГАРСКИОТ КРЕДИТ, ПАРИТЕ СЕ

29/10/2026
Македонија

Полицијата нема да ги признава дигиталните документи, граѓаните мора да

29/10/2026
Македонија

БРАТИСЛАВА ЗАСТАНА ЗАД СКОПЈЕ Не смее да има двојни стандарди

29/10/2026
Македонија

ГОДИШНО 200 ДО 300 ЛИЦА ДОБИВААТ МОЗОЧЕН УДАР ВО МАКЕДОНИЈА

29/10/2026
Македонија

САНТЕ ПЛУС НАПЛАЌАЛА И ОД ПАЦИЕНТИТЕ И ОД ФОНДОТ Клековски

29/10/2026
Македонија

ДВОЈНИОТ ТЕСТ ЗА РЕГУЛАТОРИТЕ Нулта толеранција за пристап на младите,

29/10/2026
Македонија

ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЈНИЦИ ЌЕ ОСТАНАТ ВО АРМИЈАТА ДО ПЕНЗИОНИРАЊЕ Потпишани договори

29/10/2026
Македонија

МЛАДИТЕ ДА НЕ ПОЧНАТ СО ПУШЕЊЕ, ВОЗРАСНИТЕ ДА ПРЕСТАНАТ ИЛИ

29/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46433
  • Регион 3999
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕМА НИ „К“ ОД КРИМИНАЛ СО УНГАРСКИОТ КРЕДИТ, ПАРИТЕ СЕ ЗА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА Мицкоски одговори

29/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашање ги отфрли обвинувањата на претседателот на опозициска СДСМ, Венко Филипче,

Полицијата нема да ги признава дигиталните документи, граѓаните мора да ги носат пластичните лични карти

29/10/2026

Новата државна апликација m.Uslugi овозможува пристап до личната карта и возачката дозвола преку мобилен телефон, но овие документи засега нема

БРАТИСЛАВА ЗАСТАНА ЗАД СКОПЈЕ Не смее да има двојни стандарди за членство во ЕУ

29/10/2026

„Република Словачка е против какви било двојни стандарди во пристапувањето кон Европската Унија. Не можеме да прифатиме европска интеграција заснована

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy