Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГОДИШНО 200 ДО 300 ЛИЦА ДОБИВААТ МОЗОЧЕН УДАР ВО МАКЕДОНИЈА Мора да се реагира во рок од еден до четири часа максимум за да се спречи инвалидност
Македонија

ГОДИШНО 200 ДО 300 ЛИЦА ДОБИВААТ МОЗОЧЕН УДАР ВО МАКЕДОНИЈА Мора да се реагира во рок од еден до четири часа максимум за да се спречи инвалидност

29/10/2026

AA

Годишно, на 100.000 жители има од 200 до 300 граѓани со мозочен удар, што нè става некаде на врвот на статистиките. Последните две години тој број малку е зголемен. За жал, има и помлади пациенти. Имавме пациентка на 16-годишна возраст, што треба да нè алармира дека навистина треба да се внимава и дека секој може, всушност, да добие ваква состојба, односно болест, која навистина е сериозна, изјави денеска директорот на Универзитетската клиника за неврологија, д-р Јован Божиновски, на одбележувањето на 29 Октомври, Светскиот ден на мозочниот удар.

Тој појаснува дека пациенти со мозочен удар има од сите возрасти, а доминираат оние со над 50 години и тие што имаат нерегулирани ризик-фактори.

Мал е бројот на пациенти што примаат тромболитична терапија. Годишно на Клиниката стотина пациенти примаат таква терапија, а тој број, според него, би требало да биде многу поголем.

– Таква терапија се аплицира уште во две-три установи во државата, меѓутоа таа бројка сепак е мала според бројот на пациенти што добиваат мозочен удар кај нас. Тоа е така затоа што пациентите доаѓаат многу доцна, доаѓаат по неколку часа кога тие терапевтски прозорци веќе се пробиени и се апсолутна контраиндикација да се даде некаква специфична терапија, а дел е затоа што некои од пациентите, поради одредени тешкотии, не може да стигнат можеби навреме и пристигнуваат подоцна – додаде д-р Божиновски.

Тој рече дека годинава спровеле поширока акција, која опфатила повеќе центри во државата и се одвивала во неколку дена. Теренски активности се спроведени и во Тетово, Штип, Охрид и во Кочани.

– Во акцијата на Клиниката пред платото на плоштадот Македонија беа прегледани 174 пациенти, од кои кај 39 проценти се утврдени ризик-фактори, како зголемен крвен притисок, шеќер и маснотии. Вчера се одвиваше отворен ден на Клиниката, каде што граѓаните можеа да направат бесплатен доплер на каротидите. На 74-годишен пациент, по дијагностиката, утврдена му е високостепена стеноза на обете каротидни артерии и тој веднаш е примен за дополнителни иследувања и евентуален натамошен третман. Ова е асимптоматски пациент, а со висок ризик да добие мозочен удар, што би бил фатален. Вчера, 160 пациенти беа прегледани, кај 40 проценти од нив е најден некаков сигнификантен наод. Земен е контакт од нив и тие следната недела ќе бидат повикувани на Клиниката за дополнителни иследувања – истакна д-р Божиновски.

На одбележувањето на Светскиот ден на мозочниот удар присуствуваше и министерот за здравство Сашо Клековски, кој рече дека ако се подобри здравствената заштита од превенција до терциерно ниво ќе се продолжи животниот век. Најголем негативен контрибутор на скратување на животниот век се кардиоваскуларните и цереброваскуларните инциденти, односно срцевите и мозочните удари.

– Македонија, како и Западен Балкан, има двапати поголема предвремена смртност. Предвремена смртност е луѓето што ќе починат меѓу 30-та и 70-та година, и главни контрибутори се срцевите и мозочните удари. Превенцијата и третманот на мозочниот удар е релативно комплицирана операција бидејќи времето за реагирање е од еден до четири часа максимум. Тоа бара активна радиодијагностика и можност за терапија веднаш. Оваа акција за свесноста и за превенцијата е само еден чекор и се надеваме дека многу брзо ќе седнеме со Клиниката како лидер во таа област, да ги направиме патеките на движење на луѓето со мозочен удар за да спасиме што повеќе животи и да намалиме што повеќе инвалидност. Мозочните удари се водечка причина и за инвалидност на пациентите и има многу животни и здравствени причини поради кои треба да посветиме многу поголемо внимание на оваа точка – рече Клековски.

Тој изрази задоволство што Клиниката за неврологија успеала да отвори теми кои се многу значајни за Македонија, а Неврологијата е една од најкомплексните состојби покрај цереброваскуларните и невролошките.

Клековски ја поздрави децентрализацијата на терапијата со мултиплекс склероза, која започна со ГОБ „8 Септември“, болниците во Охрид и во Штип, а се прават чекори за вклучување и на Тетово, Прилеп и Струмица.

Тој најави дека најверојатно следната недела, ќе присуствува на настан каде ќе може да се означи одреден напредок и во однос на Паркинсоновата и во Алцхајмеровата болест, низ соработка со Клиничкиот центар во Љубљана.

Министерот ја пофали Клиниката за неврологија и раководството за сè што работат, бидејќи, како што рече, се покажало дека во постоечките финансиски рамки, со многу добра волја и многу напорна работа, може да се направи разлика.

Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на мозочниот удар денеска на Медицинскиот факултет се одржаа стручни предавања за новостите околу третманот на болеста и можностите кои ги нуди државата.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕМА НИ „К“ ОД КРИМИНАЛ СО УНГАРСКИОТ КРЕДИТ, ПАРИТЕ СЕ

29/10/2026
Македонија

Полицијата нема да ги признава дигиталните документи, граѓаните мора да

29/10/2026
Македонија

БРАТИСЛАВА ЗАСТАНА ЗАД СКОПЈЕ Не смее да има двојни стандарди

29/10/2026
Македонија

ГОДИШНО 200 ДО 300 ЛИЦА ДОБИВААТ МОЗОЧЕН УДАР ВО МАКЕДОНИЈА

29/10/2026
Македонија

САНТЕ ПЛУС НАПЛАЌАЛА И ОД ПАЦИЕНТИТЕ И ОД ФОНДОТ Клековски

29/10/2026
Македонија

ДВОЈНИОТ ТЕСТ ЗА РЕГУЛАТОРИТЕ Нулта толеранција за пристап на младите,

29/10/2026
Македонија

ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЈНИЦИ ЌЕ ОСТАНАТ ВО АРМИЈАТА ДО ПЕНЗИОНИРАЊЕ Потпишани договори

29/10/2026
Македонија

МЛАДИТЕ ДА НЕ ПОЧНАТ СО ПУШЕЊЕ, ВОЗРАСНИТЕ ДА ПРЕСТАНАТ ИЛИ

29/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46433
  • Регион 3999
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕМА НИ „К“ ОД КРИМИНАЛ СО УНГАРСКИОТ КРЕДИТ, ПАРИТЕ СЕ ЗА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА Мицкоски одговори

29/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашање ги отфрли обвинувањата на претседателот на опозициска СДСМ, Венко Филипче,

Полицијата нема да ги признава дигиталните документи, граѓаните мора да ги носат пластичните лични карти

29/10/2026

Новата државна апликација m.Uslugi овозможува пристап до личната карта и возачката дозвола преку мобилен телефон, но овие документи засега нема

БРАТИСЛАВА ЗАСТАНА ЗАД СКОПЈЕ Не смее да има двојни стандарди за членство во ЕУ

29/10/2026

„Република Словачка е против какви било двојни стандарди во пристапувањето кон Европската Унија. Не можеме да прифатиме европска интеграција заснована

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy