Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРЕКУ ЗАЕДНИЧКА СОРАБОТКА НА ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ДО ПОГОЛЕМ ИЗВОЗ И РАСТ НА ЕКОНОМИЈАТА
Економија

ПРЕКУ ЗАЕДНИЧКА СОРАБОТКА НА ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ДО ПОГОЛЕМ ИЗВОЗ И РАСТ НА ЕКОНОМИЈАТА

19/12/2024

AA

Клубот на извозници, Националниот совет за извоз и Институтот за извоз ќе претставуваат столб на Комората во наредните 10 години. Од Владата бараме и се усогласуваме да ја ставиме политиката на страна од економијата и да се занимаваме со економските прашања кои треба да и донесат напредок на земјата и раст на БДП од над 3 отсто, порача претседателот на Стопанската комора и на Националниот совет за извоз, Бранко Азески на денешната седница на Клубот на извозници при Стопанската комора.

На седницата, на која беа присутни и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски и директорот на Царинската управа (ЦУ), Бобан Николовски, се зборуваше за активностите на Царинската управа за олеснување на трговските процедури, мерките за поддршка на конкурентноста и промоцијата на извозот на компании од земјоделско-прехранбениот сектор, како и за стратегијата за поддршка на извозните компании за периодот од 2024 до 2028 година.

Министерот Трипуновски истакна дека се поразителни бројките колку како држава трошиме за увоз на храна и дека од година во година се полоши и полоши. Интенција на Министерството е, додаде, да се зголеми производството, да бидеме отворени и транспарентни и со олеснета бирократија која може да биде и фрустрирачка во некој дел. Затоа, посочи, ќе работиме на делот на дигитализација за олеснување на бирократските процедури.

-Сепак за првите 10 месеци од годинава има одредени сегменти каде бележиме раст како држава и во делот на извозот на храна има зголемување за 11 проценти, кај пијалаците за 4,5, а во делот на тутунот и тутунските производи за 15 проценти. Во вкупна бројка за 10 месеци имаме извоз од околу 670 милиони евра, рече Трипуновски.

Тоа, како што кажа, е добар сигнал и почнуваат да се гледаат показателите дека Владата добро работи во овие шест месеци.

Земјоделско-прехранбениот сектор е значајна извозна гранка со огромен извозен потенцијал и преку заедничка соработка на приватниот и јавниот сектор треба да работиме во насока на искористување на тој потенцијал, истакна проф. д-р Дарко Лазаров, претседател на Клубот на извозници. Тој посочи дека извозната промоција со цел поголема видливост и препознатливост на нашите компании и производи на странските пазари е клучна за успех и тука Клубот на извозници заедно со надлежните државни институции ќе работи во наредниот период.

-Континуираниот дијалог и соработка на ЦУ со бизнис заедницата е основа за исполнување за нашите стратешки приоритети – зајакната економска конкурентност и економска трансформација на државата и борба со корупцијата и криминалот. Во овие насоки спроведени се конкретни мерки кои ќе придонесат за градење на демократска и конкурентна држава, нагласи Николовски.

Се работи, додаде, и на понатамошна дигитализација на царинското работење и  усогласување со системите во ЕУ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Тетовец пријавил дека му го застрелале бикот со воздушна пушка

25/08/2026
Македонија

Се трага по 17-годишно девојче од Желино: Се слушнала со

25/08/2026
Македонија

Голем пожар ја зафати депонијата „Мелци“ кај Кавадарци – се

25/08/2026
Македонија

Вратата од лифт ненадејно се отворила и затворила, тешко повредено

25/08/2026
Македонија

Донесена е одлука, Владата ги намалува цените на училишниот прибор

25/08/2026
Македонија

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје, премиерот на Косово

25/08/2026
Македонија

Малолетници преку Инстаграм се фалат со уништување имот и упади

25/08/2026
Македонија

Нови и модерни спортски терени во средните училишта во Скопје

25/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45247
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Тетовец пријавил дека му го застрелале бикот со воздушна пушка

25/08/2026

На 24.08.2026 во 12:45 часот во СВР Тетово, Б.П.(59) од с.Волковија, тетовско, пријавил дека на неговото домашно животно бик му

Се трага по 17-годишно девојче од Желино: Се слушнала со мајка и и кажала дека

25/08/2026

На 25.08.2025 во 01:00 часот во Полициското одделение Групчин, Н.М.(47) од с.Желино, тетовско, пријавил дека на 24.08.2025 околу 11.00 часот

Голем пожар ја зафати депонијата „Мелци“ кај Кавадарци – се сомнева на човечки фактор

25/08/2026

Пожарникарите од ТППЕ Кавадарци се на терен и го локализираат огнот, додека градоначалникот Јанчев апелира до граѓаните за претпазливост. Голем

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy