
Прекрасни вести за Реал: Куртоа се враќа, утре ќе брани
Со тоа ќе заврши неговата деветмесечна агонија која почна непосредно пред стартот на новата сезона кога ги скина лигаментите на левто, а потоа во март го скина и менискусот на десното колено. Утре Реал го пречекува Кадиз, а Куртоа ќе биде во почетната постава.
„Тој се чувствува добро и утре ќе брани, по подолго време. Што се однесува до дуелот со Баерн, на голот ќе биде Лунин“, соопшти Анчелоти.