![Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница](https://novina.mk/wp-content/uploads/2024/05/20240503205959-850x560.webp)
Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница
Белгија денеска се приклучи на листата на коспонзори, потврди Амбасадата на Белгија во БиХ на својот официјален профил на мрежата Х.
„Белгија е коспонзор на нацрт-резолуцијата на Обединетите нации, со која 11 јули ќе биде прогласен за меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница во 1995 година“, соопшти Амбасадата.
Се очекува гласањето за резолуцијата за геноцидот во Сребреница да се одржи во Генералното собрание на ОН во втората половина на мај.
Засега е познато дека автори на резолуцијата се БиХ, Германија и Руанда, а коспонзори се Естонија, Бугарија, Луксембург, Полска, Бангладеш, Хрватска, Словенија, Соединетите Американски Држави, Италија, Франција, Чиле , Лихтенштајн, Нов Зеланд, Вануату и Турција, а сега на оваа листа се приклучија и Белгија.