
Предупредување на плажа во Дубровник: Пливањето не е забрането, но се заканува опасност
Црвениот крст на град Дубровник на својата Фејсбук страница објави предупредување дека на плажата Данче, едно од најпопуларните места за капење во градот, е подигнато црвено знаме, кое служи како предупредување за капачите.
„На плажата Данче е поставено црвено знаме поради зголемената концентрација на медузи на плажата. Во овој случај црвеното знаме не е поставено поради забрана за пливање, туку како предупредување!“, се наведува во нивната објава.
Потоа додадоа:
„Спасувачката екипа на Црвен крст Дубровник во текот на утрото имала 8 интервенции предизвикани од убоди од медуза. Заради превенција, спасувачкиот тим ќе ги интензивира активностите на базенот за да ги предупреди капачите за новонастанатата состојба. На овој начин сакаме да го свртиме вниманието на сите корисници на базенот на потенцијалната опасност“, се вели во соопштението на Црвениот крст на Дубровник.
Фото: Принтскрин/Твитер
