Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРЕДМЕТОТ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ ЌЕ БИДЕ РЕШЕН ВО 2026 ГОДИНА Во јануари Уставниот суд ќе одлучи за подготвителната седница
Македонија

ПРЕДМЕТОТ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ ЌЕ БИДЕ РЕШЕН ВО 2026 ГОДИНА Во јануари Уставниот суд ќе одлучи за подготвителната седница

26/12/2025

AA

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, очекува предметот за Законот за употреба на јазиците да биде решен следната година. Тој нагласи дека никој не треба да гледа опасност бидејќи „ниту даваат, ниту земаат нешто“, туку се прави усогласување на одредби од законот со Уставот и на крајот резултатот ќе биде многу подобар закон отколку тој што го имаме во овој момент.

Костадиновски, одговарајќи на новинарски прашања за овој предмет на годишната прес-конфренција, рече дека го прати „неверојатен сплет на околности“ и дека, за жал, две подготвителни седници беа одложени од објективни причини.

-Едната се погоди два-три дена по трагедијата во Кочани, другата во околности кога Управниот суд со своја одлука, на некој начин ни го отстрани судијата известител по тој предмет. Во такви околности се постапува по Актот на судот. Во такви околности предметот оди кај друг судија известител, тој има рок од 6 месеци. Рокот истече минатиот месец, судијата известител побара уште еден месец за да го доработи. Моето очекување е дека ќе го добијам во текот на јануари и штом ќе го добијам на работен состанок ќе го поставам прашањето дали ќе продолжиме со подготвителна седница. Јас лично ќе се залагам за подготвителна, но дека тој предмет ќе биде решен следната година, ќе биде решен – изјави Костадиновски.

Сензитивноста на кој било предмет, нагласи Костадиновски, не исчезнува со протекот на времето . Овој предмет, како што рече, бил сензитивен и кога бил поднесен пред 6 години, сензитивен е и денес и ќе биде сензитивен и во 2030 и во 2040 година.

– Наша должност е да одговориме и ние како Уставен суд, кога одлучуваме никој не треба да гледа на нашите одлуки како на некоја закана или на некакво давање или одземање права. На нашите одлуки сите државни органи треба да гледаат како пријател, да ја вратиме состојбата на уставност, да укажеме каде има неусогласеност со Уставот, таа неусогласеност пратениците да ја преточат во законски решенија. Зашто, крајниот резултат од тоа, е дека од таков закон усогласен со Уставот бенефит ќе имаат граѓаните. Ќе имаат подобар закон од тој што е оспорен. Не се однесува ова само на Законот за употреба на јазиците, туку на било кој закон – изјави Костадиновски.

Во врска со одлуката на Управниот суд за судијата известител за Законот за јазиците и дали се сомнева на политичка позадина, Костадиновски вели дека оваа одлука судот да ја донел во рок од три, седум, 15 или 30 дена по изборот „никој ништо немало да зборува, но по две години природно е да се сомневаме“.

– Во поглед на материјалното право и суштината на пресудата нема да коментирам. Јавно го имам кажано мојот став дека мора да постои судска инстанца што ќе ги оценува конкретните поединечни акти на државните органи во таа сфера, зошто обратното би нèсвело на султанат. Јас имам искажано сомнеж и затоа го нарекувам чуден сплет на околности и затоа го повикав законодавецот пред пет-шест месеци веднаш да ја поправи таа законска празнина – изјави Костадиновски.

Управниот суд во мај го поништи изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска поради неправилност во постапката, две години по нејзиниот избор.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МЛАДИТЕ ШТО ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ИМААТ СОГОВОРНИК ВО ПРЕМИЕРОТ Мицкоски

22/11/2026
Македонија

20% ПОВЕЌЕ УСЛУГИ ЗА СТУДЕНТИТЕ И ЗА МЛАДИТЕ Поволностите ќе

22/11/2026
Македонија

СТАНОВИТЕ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ДВОЈКИ ЌЕ БИДАТ ЗА 20% ПОЕВТИНИ

22/11/2026
Македонија

ПОЧИНА БИЗНИСМЕНОТ БОШКО РЕМИС Се занимаваше со градежништво и со

22/11/2026
Македонија

НЀ ОЧЕКУВА ДОЖДЛИВА НЕДЕЛА На планините ќе има снег

22/11/2026
Македонија

ПОТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТО ЛИЦЕ ВО ГОСТИВАР Се пребарува и по

22/11/2026
Македонија

РАМА ТВРДИ ДЕКА АЛБАНИЈА НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ПОПРЕЧУВА ПАТОТ

22/11/2026
Македонија

ONE STOP SHOP ПОЧНА ДА ФУНКЦИОНИРА НА ЌАФАСАН Мицкоски и

22/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46886
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МЛАДИТЕ ШТО ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ИМААТ СОГОВОРНИК ВО ПРЕМИЕРОТ Мицкоски ѝ порача на опозицијата да

22/11/2026

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска им порача на младите кои протестираа против насилството врз жените, дека во

20% ПОВЕЌЕ УСЛУГИ ЗА СТУДЕНТИТЕ И ЗА МЛАДИТЕ Поволностите ќе се користат преку апликацијата м.услуги

22/11/2026

Како трета мерка за младите премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, најави 20 проценти поголеми услуги за студентите и

СТАНОВИТЕ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ДВОЈКИ ЌЕ БИДАТ ЗА 20% ПОЕВТИНИ Фирмите ќе бидат задолжени да

22/11/2026

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од конференцијата на Унијата за млади сили на партијата, најави три клучни

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy