Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Предлог Законот за правда на децата до крајот на октомври ќе биде доставен во владина процедура
Македонија

Предлог Законот за правда на децата до крајот на октомври ќе биде доставен во владина процедура

03/10/2023

AA

Изработката на овој Закон беше инклузивен при што учествува сите субјекти во системот на правда за децата, УНИЦЕФ и невладините организации. Работната група за подготовка на Предлог на Законот за правда за децата во процесот на консултации со засегнатите страни посвети особено внимание на препораките за подобрување на законодавната рамка за правда за деца изрaботени од УНИЦЕФ во Република Северна Македонија.

Со предложените решенија направен е значаен исчекор со додефинирање на најдобриот интерес на детето, а се очекува да се зајакне и улогата на центрите за социјална работа во примената на ресторативна правда односно вонсудските постапки за дејствие на дете што со закон е предвидено како кривично дело или прекршок и да се зголеми заштитата на деца жртви од секундарна виктимизација согласно европските стандарди.

Особено се значајни предложените решенија во членовите 97 и 98 во кои е транспонирана Директивата на Европскиот парламент за процедурални заштитни мерки за деца кои се осомничени или обвинети во кривична постапка и во нив се уредува правото на дете на поука за правата и право да биде придружувано од родителот/старател во текот на испитувањето пред органот што ја води постапката или од друго полнолетно лице определено од детето.

Ќе се реафирмира системот на специјализација на субјектите во системот на правда за децата со тоа што стручните работници во центрите за социјална работа, судии, јавни обвинители, адвокати и медијатори мора да присуствуваат на специјализирана обука за права на детето и детско престапништво од најмалку пет дена во текот на годината во земјата или во странство.

Како министер за правда ја реафирмирам приоретната заложба на Министерството за правда за натамошно целосно и фактичко остварување на најдобриот интерес на детето преку правда по мерка на децата, како основно начело на Конвенцијата за правата на детето.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски

30/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРЕДНИЧИ ВО ЕВРОПСКИТЕ РЕФОРМИ Левков вели дека актуелниот парламентарен

30/09/2026
Македонија

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога,

30/09/2026
Македонија

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

30/09/2026
Македонија

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски во Брисел за големите инфраструктурни

30/09/2026

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е во дводневна работна посета на Брисел, каде што учествува на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy