Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонија добива нови електрани, а нема кадар кој да работи: Само четворица студенти запишани на електроенергетски системи
Македонија

Македонија добива нови електрани, а нема кадар кој да работи: Само четворица студенти запишани на електроенергетски системи

03/10/2023

AA

Почна новата студиска година, но со полупразни предавални бидејќи на дел од факултетите нема интерес за студирање, иако покриваат области кои ќе бидат клучни во следните десетина години како што е енергетиката, градежништвото и метеорологијата.

Во време на енергетска криза и во време почнува изградбата на најголемиот енергетски капацитет во Македонија, хидроцентралата ПАХЕ Чебрен по течението на Црна река, интересот за студирање на Електротехничкиот факултет е речиси еднаков на нула, посебно на катедрите кои треба да продуцираат високо квалификувани кадри во електроенергетиката.

На студиите по електроенергетика и проектен менаџмент се запишале седум студенти, додека на студиите по електроенергетски системи ќе студираат само четворица студенти во државна квота.

За разлика од овие струки, катедрата по компјутерско системско инженерство, автоматика и роботика ќе има 60 студенти, а 73 студенти се примени на компјутерски технологии. На електроенергетика и обновливи извори на енергија ќе студираат 27 студенти.

Од Eлектротехничкиот факултет предупредуваат дека е потребна државна стратегија и планирање, зашто ќе нема кадар. Државата ќе се соочи со ситуација во наредните 10 до 15 години да остане без кадар за сервис и одржување на енергетската мрежа и капацитетите, иако во време на енергетска криза, кога цената на струјата е се повисока, ќе се свртиме кон обновливи извори на енергија кои ќе бидат иднината.

Сликата на Природно Математичкиот факултет е уште пострашна. Сè поизвесно е дека земјава ќе остане и без метеоролози и ќе нема кој да направи стручна анализа за климатските состојби и времето затоа што ниту еден матурант не покажал интерес да студира метеорологија. На студиската програма геофизика и метеорологија, пак, нема ниту еден пријавен.

Во услови кога важноста на македонскиот јазик мора да се потврдува секаде, опаѓа бројот на бруцоши кои сакаат да го изучуваат. Од катедрата се задоволни со годинашните пријави за студирање, но недостигаат и македонисти.

За разлика од природните науки, електро и машинските науки, како и филолошките науки, интересот за медицинските науки е голем. Годинава, биле пријавени над 950 кандидати, а денеска на првиот академски час индекс им беше врачен на повеќе од 700 бруцоши.

„И оваа како и претходните години, интересот за студии на нашиот факултет останува голем, што се покажува и со бројот на пријавени кандидати за упис во оваа учебна година. Беа пријавени над 950 кандидати, а денес ќе се здобијат со индекс над 710 бруцоши, од кои 265 за студиите по општа медицина, а 445 за тригодишните стручни студии“, истакна новиот декан на Медицинскиот факултет при УКИМ, професор доктор Светозар Антовиќ на почетокот на академската година.

Од своето формирање досега, на Медицинскиот факултет се запишани вкупно 27.242 студенти, од кои 12.361 дипломирале и се стекнале со стручен назив доктор на медицина, a 2.699 со диплома на една од тригодишните стручни студии.

На Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип оваа година има 1.500 бруцоши. Ректорот на Дејан Мираковски во својот свечен говор истакна дека е задоволен од бројот на запишани студенти и веќе четири години наназад во континуитет ја имаат оваа бројка на запишани студенти.

„Воведовме ослободување од партипација на талентираните студенти, на студенти од ранливи категории и за првпат целосно ослободување од партиципација на идните филолози-македонисти, како еден вид поддршка за зачувување на македонскиот јазик. Дополнително, имаме многу нови студиски програми, посебно студиски програми на англиски јазик кои веќе будат интерес и полека привлекуваат студенти“, вели Мираковски.

Но, професорите се согласни: иселувањето на младите и атрактивноста на странските универзитети ги празни домашните факултети.

О.К

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски

30/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРЕДНИЧИ ВО ЕВРОПСКИТЕ РЕФОРМИ Левков вели дека актуелниот парламентарен

30/09/2026
Македонија

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога,

30/09/2026
Македонија

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

30/09/2026
Македонија

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски во Брисел за големите инфраструктурни

30/09/2026

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е во дводневна работна посета на Брисел, каде што учествува на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy