Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРЕДЛОГ БУЏЕТОТ Е НЕРЕАЛЕН, НИТУ СВЕТСКА БАНКА НЕМА ТАКВИ ПРЕДВИДУВАЊА: Експертите со остри критики за догодинешниот буџет
Економија

ПРЕДЛОГ БУЏЕТОТ Е НЕРЕАЛЕН, НИТУ СВЕТСКА БАНКА НЕМА ТАКВИ ПРЕДВИДУВАЊА: Експертите со остри критики за догодинешниот буџет

16/11/2023

AA

Предлог-буџетот за 2024 година е нереален и не одговара на моменталната криза, оценува професорот Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии. Во изјава за МИА, Јовановиќ вели дека макроекономските и приходните проекции се преоптимистички. 

– Се проектира раст на БДП од 3,4 проценти, што е многу повисоко од сите меѓународни институции. Нашиот Институт, на пример, прогнозира раст од 2 проценти, а Светска Банка од 2,5 проценти. Инфлацијата, пак, се проектира на 3,6 проценти, што е прениско – нашиот Институт проектира 5 проценти инфлација, а Народна Банка 4 проценти. Дури и да се прифатат овие макроекономски проекции, проекциите за буџетските приходи се превисоки. При номинален раст на БДП од 7 проценти (3,4 проценти + 3,6 проценти), се проектира раст на приходите од 10 проценти, што не гледам како може да се случи, кога нема планирано никаква даночна реформа, појаснува Јовановиќ за МИА. 

Предвидениот раст од пет проценти кај социјалните трансфери, според Јовановиќ, е недоволен во услови на моменталната криза.

– Инфлацијата оваа година ќе биде околу 10 проценти, лани беше 14 проценти, десетици илјади луѓе западнаа во сиромаштија поради овие поскапувања, а социјалните трансфери се зголемуваат за само 5 проценти. Нема детали за да се види колку ќе се зголемат платите, колку пензиите, колку социјалната помош, ама пет проценти е апсолутно премалку и недоволно за да се спречи сиромаштијата да продолжи да расте, истакнува Јовановиќ.

Нереално проектирани се и капиталните расходи, кои во Предлог-буџетот се на ниво од 730 милиони евра.

– Капиталните расходи се проектирани на 730 милиони евра, што е малку пониско од ланските 800 милиони, ама е сепак крајно нереално. Македонија не успева да реализира 730 милиони јавни инвестиции во две години, а не пак во една, посочува Јовановиќ. 

Владата вчера го презентираше Предлог-буџетот за 2024 година кој тежи 5,5 милијарди евра, окарактеризаирајќи го како развоен и одржлив. Расходната страна е проектирана на 343,6 милјарди денари или за 5,8 проценти е повисока во однос на 2023 година, а приходите на 310,1 милјарда денари и се повисоки за 10 проценти. Буџетскиот дефицит е за околу 9,2 милјарди денари понизок во однос на 2023 година што, според Владата, ќе значи помало задолжување за 150 милиони евра. Економскиот раст е проектиран на 3,4 проценти од БДП, а инфлацијата на 3,6 проценти. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Израел: Со 98% преброени гласови, блокот на Нетанјаху води со

29/10/2026
Македонија

МАГЛА НАУТРО, ОБЛАЦИ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Температурите ќе достигнат

28/10/2026
Македонија

M.Uslugi на албански, но не и дигиталната лична карта? Што

28/10/2026
Македонија

РЕЧИСИ 580.000 ЕВРА ОД ГЕРМАНИЈА ИМ ЛЕГНАЛЕ НА СМЕТКА И

28/10/2026
Македонија

ПЛАТИТЕ И ПЕНЗИИТЕ РАСТАТ, НО ДОЛГОВИТЕ ГО ЈАДАТ БУЏЕТОТ Стојаноски

28/10/2026
Македонија

ВО ЖИВО: Избори во Израел – преброени се 93% од

28/10/2026
Македонија

ПЕТАР БОГОЈЕСКИ ЌЕ ЛОВЕЛ „ЧЕТНИЦИ“ И ЌЕ ГО МИНИРАЛ СПОМЕНИКОТ

28/10/2026
Македонија

ИСКРА ХАЏИ ВАСИЛЕВА ЈА ДОБИ ДОВЕРБАТА НА ОБВИНИТЕЛИТЕ Освоила 67

28/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46420
  • Регион 3999
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Израел: Со 98% преброени гласови, блокот на Нетанјаху води со 53 пратенички места, но нема

29/10/2026

Според резултатите прикажани на графиконот, со 98% преброени гласови, блокот на Бенјамин Нетанјаху има 53 пратенички места, додека блокот на

МАГЛА НАУТРО, ОБЛАЦИ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Температурите ќе достигнат до 19 степени

28/10/2026

Променливо облачно време со кратки сончеви периоди, утринска магла во одделни котлини и северозападен ветер нè очекува во четврток, информираат

M.Uslugi на албански, но не и дигиталната лична карта? Што се случува со јазиците во

28/10/2026

Новата државна апликација m.Uslugi е достапна и на албански јазик, но дигиталната лична карта и возачката дозвола, според забелешките на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy