Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРАЗНИЦИТЕ НИ СЕ ПОГОДИЈА ВО 2026 Календарот носи многу продолжени викенди, годинава идеална за патувања
Македонија

ПРАЗНИЦИТЕ НИ СЕ ПОГОДИЈА ВО 2026 Календарот носи многу продолжени викенди, годинава идеална за патувања

15/01/2026

AA

2026 година носи добра вест за сите што сакаат да „побегнат“ од секојдневието – календарот е наклонет кон граѓаните и нуди повеќе можности за продолжени викенди, кратки патувања и заслужен одмор без да се трошат многу денови од годишен одмор.

Кога станува збор за државните празници, годината започнува со првиот ден од новата година, кој се падна во четврток, а само неколку дена подоцна следеше Божиќ. Пролетта носи уште подобар распоред – Рамазан Бајрам паѓа во петок, а вториот ден на Велигден е во понеделник, што отвора простор за продолжен велигденски одмор. Мај е еден од најповолните месеци, со Први мај во петок и дополнителен слободен ден поради празникот „Св. Кирил и Методиј“, кој се префрла на понеделник. Летниот период продолжува во ист ритам со Илинден, кој исто така носи продолжен викенд, а и октомври не заостанува – Денот на народното востание обезбедува уште три последователни слободни денови. До крајот на годината, Денот на македонската револуционерна борба и „Св. Климент Охридски“ нудат можност за кратки паузи и мини-одмори.

За сите граѓани на РМ:

1 јануари (четврток), Нова Година,

7 јануари (среда), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар,

20 март (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам.

13 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,

1 мај (петок), Ден на трудот,

24 мај (недела), „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден,

2 август (недела), Илинден, односно 3 август (понеделник) е неработен ден,

8 септември (вторник), Ден на независноста,

11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден,

23 октомври (петок), Ден на македонската револуционерна борба,

8 декември (вторник), „Св. Климент Охридски“.

Посебен бенефит во 2026 година ќе имаат граѓаните од православна вероисповед, кои со празници како Бадник, Водици, Велики Петок, Духовден и Голема Богородица ќе добијат дополнителни продолжени викенди во текот на целата година. Тоа значи повеќе шанси за одмор без користење слободни денови и повеќе време за патувања, излети и семејни собири.

Календарот за 2026 година јасно покажува дека со малку планирање, граѓаните ќе можат максимално да ги искористат неработните денови. Продолжените викенди се распоредени речиси рамномерно низ целата година, што ја прави 2026 една од поповолните години за одмор во последната деценија.

За граѓаните од православна вероисповед

6 јануари (вторник), Бадник, ден пред Божиќ,

19 јануари (понеделник), Богојавление (Водици),

10 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,

29 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден,

28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

6 aприл (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,

1 ноември (недела), Празникот на сите светци,

25 декември (петок), првиот ден на Божиќ.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

27 мај (среда), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.

За граѓаните припадници на албанската заедница

22 ноември (недела), Ден на албанската азбука.

За граѓаните припадници на српската заедница

27 јануари (вторник), Свети Сава.

За граѓаните припадници на ромската заедница

8 април (среда), Меѓународен ден на Ромите.

За граѓаните припадници на влашката заедница

23 мај (сабота), Национален ден на Власите.

За граѓаните припадници на еврејската заедница

21 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

За граѓаните припадници на бошњачката заедница

28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците.

За граѓаните припадници на турската заедница

21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy