Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Правда за „Скопски пазар“! Поранешните директори преку застарување на предметот куртулија од затвор, ќе платат ли 655.000 евра за штетата што ја направија?
Економија

Правда за „Скопски пазар“! Поранешните директори преку застарување на предметот куртулија од затвор, ќе платат ли 655.000 евра за штетата што ја направија?

13/05/2025

AA

По осум години судска голгота и повеќе од 20 одложувања на судскиот спор, предизвикани најчесто од наводни боледувања, избегнување за прием на судска одлука, повремени напуштања на државата,  браќата Давитковски и другите обвинети дочекаа застарување на предметот по фамозните измени на Кривичниот законик, кои беа остро критикувани од Европската унија, стручната фела и други релевантни фактори. Дали еден од нивните бранители учествувал во изготвување на измените на КЗ? Сега останува само утешната награда во форма на материјална сатисфакција од 655.00 евра, која треба да се утврди во граѓанската судска постапка,  а кој износ беше замрзнат во кривичната постапка како гаранција за обештетување на „Скопски пазар“

Скопски пазар АД Скопје и по осум години судска голгота не ја доби правдата во судската правна битка против браќата Сашо и Тошо Давитковски и другите членови на тогашните органи на управување на скопската компанија која управува со зелените пазари ширум Скопје.

Цели шест години Скопски пазар АД Скопје и неговите акционери чекаа првостепена пресуда. Во септември 2023 година Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда, со која судот ги огласи обвинетите виновни за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување (чл. 353 ст. 4 в.в. ст.3 в.в. ст. 1 вв со чл. 45 од КЗ). Судот им изрече алтернативна мерка условна осуда во траење од 2 години која нема да се изврши доколку обвинетите во време од 5 години не сторат ново кривично дело. Тогаш судот ги задолжи обвинетите солидарно да надоместат 655.000 евра на Скопски пазар АД Скопје, а компанијата тужител-Скопски пазар АД Скопје ја упати останатите 730.000 евра да ги побаруваат во граѓански спор.

Веднаш по објавата на кривичната пресуда во септември 2023 година, стапија на сила фамозните измени на Кривичниот законик и така се создадоа услови за апсолутна застареност за кривично гонење на осудените во овој предмет.

Исто така, со законските измени значително се намали казнивоста на кривичните дела, односно предвидена е казна затвор од најмногу 5 години за разлика од претходно кога беше предвидена казна затвор од 20 години. Токму поради ова, значително се намали и рокот на (апсолутна) застареност на кривичното гонење, и тоа на само 10 години, што во случајов значи дека не постојат услови да се води процес против обвинетите по 20.04.2025 година.

Апелациониот суд Скопје одлучувајќи по жалба на Давитковски, ја укина првостепената пресуда, а со бришењето на кривичното дело наведено во обвинението се изврши негова измена така што на обвинетите им се става на товар извршување на кривичното дело со облик „неизвршување на службената положба”, oдносно некористење на законските механизми за спречување на операцијата за намалување на основната главнина преку поништување на сопствени акции.

Апелациониот суд Скопје на 17.01.2025 година одржа јавна расправа во отсуство на обвинетите, по што донесе пресуда со која ги огласи обвинетите за виновни за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување и на секој од обвинетите му изрече алтернативна мерка условна осуда затвор во траење од 1 година, која нема да се изврши доколку обвинетите во време од 3 години не сторат ново кривично дело. Исто така, второстепниот суд ги задолжи обвинетите со надомест на штета на Скопски Пазар АД Скопје во износ од 44 милиони денари (разлика меѓу цената на купените сопствени акции и намалената основната главнина),а за разликата го упати оштетеното правно лице Скопски Пазар АД Скопје во граѓански спор.

Против пресудата на Апелациониот суд Скопје обвинетите изјавија жалба до Врховниот суд, кој ја укина второстепената пресуда во март и го врати предметот на повторно судење. Од ова јасно произлегува дека Врховниот суд не ги ослободил од вина овинетите, туку предметот го вратил на повторно одлучување. Факт кој остава огромен сомнеж во независноста и самостојноста при одлучувањето на Врховниот суд е тој што Врховниот суд морал и требал да го има во предвид рокот на застареност и по предметот да одлучува мериторно, односно да донесе одлука дали обвинетите се виновни или не. Но, се довел во ситуација од познати причини само за судиите во Советот кои одлучувале во Врховниот суд да преземе дејствија во насока на застарување на предметот, кое не смеел да си го дозволи највискиот суд во државата.

Откако предметот од страна на Врховниот суд бил вратен во Апелациониот суд Скопје, на 22 април оваа година одржано е рочиште, на кое не му преостанало ништо друго на судот освен да донесе одлука со која ќе констатира апсолутна застреност на кривичното гонење поради измените на Кривичниот законик од септември 2023 година, поради што  ја запре постапката

Како браќата Давитковски и нивните соработници го оштетија Скопски пазар АД Скопје

Додека беа членови на Управниот одбор на Скопски пазар АД Скопје, а воедно и големи акционери со акциите наследени од нивниот татко, браќата Сашо и Тошо заедно со другите лица со кои управуваа одлучија да поништат сопствени акции на Скопски пазар АД Скопје, со што направија штета од 1,4 милиони евра на Скопски пазар АД Скопје. Ова го направија на тој начин што ги поништија акциите платени со парите кои беа на компанијата, а не на Тошо и на Сашо Давитковски, а освен тоа и преку намалувањето на основната главница ја оштетија компанијата за над 650.000 евра. 

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДАЛ 338.250 ДЕНАРИ ЗА НОВА КУЌА, ПА ОСТАНАЛ БЕЗ НИВ

24/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА Е ФАВОРИТ ВЕДНАШ ЗАД УКРАИНА НА ЕВРОПСКО НАТПРЕВАРУВАЊЕ Полимаркет

24/09/2026
Македонија

ЕУ ДЕЛИ БЕСПЛАТНИ БИЛЕТИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА МЛАДИ Можат да

24/09/2026
Македонија

ПО 3 ГОДИНИ БЕГСТВО, ЧИФЛИГАРОСКИ СЕ ВРАТИ ВО ЗЕМЈАВА Полицијата

24/09/2026
Македонија

ПО 3 ГОДИНИ БЕГСТВОТО, ЧИФЛИГАРОСКИ СЕ ВРАТИ ВО ЗЕМЈАВА Полицијата

24/09/2026
Македонија

ИМ ДАДЕ ЛИ НИКОЛОВСКИ МИЛИОНСКИ ГРАНТ НА ЗАЕВИ, ИМА ЛИ

24/09/2026
Македонија

ПОСТЕПЕНАТА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЕУ НАСКОРО ЌЕ СЕ ОФИЦИЈАЛИЗИРА? Во разговорите

24/09/2026
Македонија

ЕСЕНТА ПОЧНА СО МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ Во Берово измерени -2 степени,

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45768
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДАЛ 338.250 ДЕНАРИ ЗА НОВА КУЌА, ПА ОСТАНАЛ БЕЗ НИВ Мајсторот од Горна Матка исчезнал

24/09/2026

46-годишен маж од Скопско пријавил дека бил измамен за 338.250 денари откако на лице од Горна Матка му дал пари

МАКЕДОНИЈА Е ФАВОРИТ ВЕДНАШ ЗАД УКРАИНА НА ЕВРОПСКО НАТПРЕВАРУВАЊЕ Полимаркет ја смести пред Франција и

24/09/2026

Македонија неочекувано се искачи меѓу главните фаворити за победа на Јуниорската Евровизија 2026. На Полимаркет во моментов е на второто

ЕУ ДЕЛИ БЕСПЛАТНИ БИЛЕТИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА МЛАДИ Можат да аплицираат и младите од Македонија

24/09/2026

Европската Унија дистрибуира нова серија од 41.000 бесплатни билети за воз за 18-годишници, наменети за патување со воз низ Европа.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy