Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пратениците го отворија патот за Сејф сити: Ќе има казни, одземање дозволи, па дури и затвор!
Македонија

Пратениците го отворија патот за Сејф сити: Ќе има казни, одземање дозволи, па дури и затвор!

18/12/2025

AA

Пратениците изгласаа пакет закони што ќе овозможи целосно функционирање на системот „Безбеден град“, јавува Вечер.мк. Законот за возила, Законот за полиција, Законот за извршување санкции и Законот за безбедност на сообраќајот се веќе усвоени, додека измените во Законот за прекршоци сè уште се разгледуваат во второ читање. Покрај тоа, предложени се и измени во Кривичниот законик за усогласување со новиот систем „Safe city“.

Според новите законски решенија, целата постапка за санкционирање на сообраќајните прекршоци е детално уредена – од констатирањето на прекршокот до изрекувањето на најстрогите мерки. Возачите што трипати ќе добијат правосилна забрана за управување со возило од иста категорија во рок од четири години ќе останат без возачка дозвола, а судот ќе ја одземе дозволата и ќе ги спречи да полагаат повторно најмалку една година. По одлуката, МВР ќе ги извести возачите преку СМС и имејл дека дозволата им престанува да важи за осум дена. Забраната што ја изрекува судот може да трае од еден месец до една година, а податоците за изречените мерки ќе бидат достапни и на граничните служби. Во случај на странци со странска возачка дозвола, тие нема да можат да управуваат возило на територијата на земјава и ќе биде известена граничната полиција.

Законските измени го уредуваат и системот на негативни поени и задолжуваат сопствениците на возила да ги ажурираат телефонските броеви и имејл адресите во рок од три дена од промена, во спротивно предвидена е глоба од 100 евра. Слични санкции се предвидени и за фирмите, во зависност од нивната големина.

Според Законот за безбедност на сообраќајот, воведена е толеранција при мерењето на брзината, при што од измерената вредност се одзема маргината на грешка на уредот, иако конкретната вредност не е наведена. Новите правила ја забрануваат употребата на возило под дејство на опојни дроги и психотропни супстанции, а автошколите добиваат дополнителни обврски – кандидатите за инструктори, предавачи и испитувачи ќе полагаат стручни испити пред комисија на МВР. Исто така, се воведуваат „зона училиште“ и „зона 30“ за смирен сообраќај.

Измените во Кривичниот законик предвидуваат задолжителна забрана за возење за тешки дела во сообраќајот – од шест месеци до десет години. Судот, наместо можност, сега е обврзан да ја изрече забраната, а исто така му се овозможува и одземање на возилото од сторителот доколку претходно бил осуден за кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај и сторил прекршок како „загрозување на безбедноста на сообраќајот“, „безобѕирно управување со моторно возило“ или возење со значително надминување на дозволената брзина.

Учесниците во сообраќајот што ќе управуваат со возило со алкохол над 1,5 промили, под дејство на дроги, психотропни супстанции или прекурсори, ќе возат во спротивна насока, ќе претекнуваат на непрегледно место или ќе ја надминуваат дозволената брзина значително, ќе се соочат со казна затвор од 3 месеци до 3 години, како и со парична казна. Исто така, казна се предвидува за учесници во недозволени трки, како и за оние што управуваат без положен возачки испит или без важечка возачка дозвола.

„Сторителите на сообраќајни прекршоци ќе добиваат известување преку СМС и имејл со записник и фотографија, а доколку казната ја платат во првите осум дена, ќе платат само половина“, пишува Вечер.мк, додавајќи дека со новите измени, системот „Безбеден град“ од 1 февруари ќе профункционира целосно, овозможувајќи побрзо и поефикасно спроведување на законските мерки и зголемена безбедност на патиштата.

Извор: Вечер.мк

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЧНА ОД ПОЧЕТОК СУДЕЊЕТО НА 13 ПОЛИЦАЈЦИ ЗА ПОЖАРОТ ВО

21/09/2026
Македонија

📷 УКРАДЕН СЕФ ОД 400 КГ, ОРУЖЈЕ И НАКИТ ВРЕДНИ

21/09/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ПОНУДИЛ ИМОТ ОД 200.000 ЕВРА ГАРАНЦИЈА ДЕКА НЕМА

21/09/2026
Македонија

📷 ПАДНА ГРУПА ОСОМНИЧЕНА ЗА ШВЕРЦ НА ЛЕКОВИ Полицијата тресе

21/09/2026
Македонија

СЕРИЈА ТЕШКИ КРАЖБИ ВО ТЕТОВСКО, ПАДНАЛ И СЕФ ОД 400

21/09/2026
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
Македонија

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер

20/09/2026
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45699
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЧНА ОД ПОЧЕТОК СУДЕЊЕТО НА 13 ПОЛИЦАЈЦИ ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“ Еден поротник си заминал,

21/09/2026

Судскиот процес против 13 полициски службеници обвинети за Tешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот и трагедијата во кочанската

📷 УКРАДЕН СЕФ ОД 400 КГ, ОРУЖЈЕ И НАКИТ ВРЕДНИ 250.000 ЕВРА ВО ТЕТОВСКО Полицијата

21/09/2026

Сеф тежок околу 400 килограми, пари, златен накит и оружје се дел од пленот во серијата тешки кражби во тетовско,

ГАЗДА ДЕКО ПОНУДИЛ ИМОТ ОД 200.000 ЕВРА ГАРАНЦИЈА ДЕКА НЕМА ДА БЕГА Притворот му истекува

21/09/2026

Првообвинетиот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Дејан Јованов Деко, понудил недвижен имот проценет на околу 200.000 евра како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy