Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Прашањата за учебниците по историја во Македонија и Бугарија, тема на состанокот на мешовитата комисија
Македонија

Прашањата за учебниците по историја во Македонија и Бугарија, тема на состанокот на мешовитата комисија

17/02/2023

AA

Прашањата за учебниците по историја во Северна Македонија и Бугарија врз основа на меѓусебно разменетите забелешки биле тема на дискусија на 23-та средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања што се одржа вчера и денеска во Софија.

Како што информира денеска МНР, членовите на Комисијата размениле идеи и аргументи како да се подобрат учебниците по историја и размениле неколку предлог-препораки кои остануваат основа за понатамошни разговори.

Следната редовна средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања ќе се одржи на 30 и 31 март 2023 година.

Последниот состанок на комисијата беше на 17 и 18 ноември, исто така во Софија. Главна тема беше улогата и местото на Охридската архиепископија и начинот на кој таа е претставена во учебниците за VII одделение во Република Северна Македонија.

Копретседателот од македонскиот дел на комисијата Драги Ѓоргиев, тогаш изјави дека на средбата имало позитивна и конструктивна атмосфера, меѓутоа договор не бил постигнат поради недоразбирања околу изворите и различното толкување на минатото.

Ѓоргиев, минатата недела оцени дека последните случувања во македонско-бугарските односи влијаат и на нејзината работа. Вели дека се забележува тенденција односите меѓу Скопје и Софија на одредени периоди циклично да бидат нападнати со цел да се наруши некој краток континуитет од мирен период.

– Не може да останеме ние имуни на тоа што се случува во општеството и сите тие политички потреси, тензии, недоразбирања, дневнополитички препукувања, кои се случуваат циклично во македонско-бугарските односи, и тие несомнено влијаат и на работата на комисијата. Речиси редовно во сите тие препукувања и политички изјави кои се даваат се спомнува и комисијата, историјата, се споменуваат темите на кои работи самата Комисија и сето тоа влијае врз атмосферата во самата комисија, изјави Ѓоргиев.

Според него, како да има тенденција да се нарушува континуитетот на мирните периоди во македонско-бугарските односи. За тоа дали може да се дојде до решение за Гоце Делчев и за другите спорни прашања, тој смета дека во актуелните услови на заладени односи, со многу висока тензија, многу тешко е комисијата да работи спокојно и мирно.

– Идејата на заедничко чествување на која било личност не само на Гоце Делчев се базира на тоа уште повеќе да ги смири и релаксира односите меѓу двете држави, да придонесе кон подобро сфаќање на двата народи и на двете општества. И таа е основната идеја не само на нашата комисија, туку и на сите комисии кои работат на ваков начин, односно покрај учебниците имаат како своја агенда и заедничко чествување одредени личности, околу кои постојат различни видувања, меѓутоа тие се споделени историски личности. Во овој момент ситуацијата мислам дека не е таква, која ќе овозможи какво било решение на комисијата, кое ќе придонесе уште повеќе да се смират односите и да тргнат во вистински правец. Така што мора политичката ситуација, политичките односи меѓу двете држави да бидат на едно високо ниво со цел и Комисијата да постигне одреден напредок, пред сè во однос на тие чувствителни теми како што е Гоце Делчев, вели Ѓоргиев.

Сепак, Ѓоргиев посочува и на она што досега го договориле македонските и бугарските историчари, а тоа е препорака за заедничко чествување меѓу двете држави за Кирил и Методиј, Климент Охридски, Наум Охридски и за цар Самуил. Во однос на препораките за учебниците, усвоени се препораки за петти клас во бугарскиот образовен систем и за шестто одделение во македонскиот образовен систем.

Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања беше формирана како резултат на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, потпишан на 1 август 2017 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРСКАЊЕТО ПРОТИВ КОМАРЦИ ОД ВОЗДУХ ЌЕ СЕ НАПУШТИ ЗА 3

23/09/2026
Македонија

АКО КУПИТЕ НОВ СТАН ВО ГРАНД СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕТЕ И

23/09/2026
Македонија

СУДСКИОТ СОВЕТ ЈА ИСТРАЖУВА СОСТОЈБАТА ВО КУМАНОВСКИОТ СУД ПО ПОПЛАКИТЕ

23/09/2026
Македонија

ПАРТИЈАТА ВРЕДИ НЕ БАРА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ, НО Е СПРЕМНА Касами

23/09/2026
Македонија

ГРУБИ ДАВАШЕ ЗАБЕЛЕШКИ НА ДОКАЗИТЕ ШТО ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГИ ИЗНЕСУВАШЕ ПРОТОВ

23/09/2026
Македонија

ШАСИВАРИ ЌЕ ГО ПРЕЗЕНТИРА РЕШЕНИЕТО ЗА ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ Во октомври

23/09/2026
Македонија

ТОШКОВСКИ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ОГРОМНИОТ БРОЈ НЕРАБОТНИЦИ Полицијата ќе

23/09/2026
Македонија

КРИЕ ЛИ НИКОЛОВСКИ ДУПЛЕКС СТАН ОД 180 КВАДРАТИ ВО ДАЈМОНД

23/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45749
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРСКАЊЕТО ПРОТИВ КОМАРЦИ ОД ВОЗДУХ ЌЕ СЕ НАПУШТИ ЗА 3 ДО 5 ГОДИНИ Ќе се

23/09/2026

Од 19 септември нема нови случаи на хоспитализација со западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести. Значи, четврти ден нема

АКО КУПИТЕ НОВ СТАН ВО ГРАНД СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕТЕ И ОПРЕМЕНА КУЈНА! Ексклузивна можност за

23/09/2026

Кога купуваш нов стан, замислуваш како ќе изгледа твојот дом. Каде ќе биде трпезариската маса, каде ќе стои омилената фотелја,

СУДСКИОТ СОВЕТ ЈА ИСТРАЖУВА СОСТОЈБАТА ВО КУМАНОВСКИОТ СУД ПО ПОПЛАКИТЕ ПРОТИВ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА Извештаите се во

23/09/2026

Судскиот совет на денешната седница расправаше за состојбите во Основниот суд Куманово, откако вчера Синдикатот на УПОЗ јавно реагираше на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy