Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пожарникарот Мишевски цел работен век го поминал во ТППЕ Тетово, во пензија заминува со 35 години редовен работен стаж
Македонија

Пожарникарот Мишевски цел работен век го поминал во ТППЕ Тетово, во пензија заминува со 35 години редовен работен стаж

29/10/2023

AA

Пожарникарот Сашо Мишевски цел работен век го поминал во Територијалната противпожарна единица – Тетово и во пензија заминува со 35 години редовен работен стаж. Од почетник пожарникар, бил заменик командир на вод, па командир на вод 14 години и заменик командир на единица, објави МИА.

Мишевски се вработил на 1 јули 1988 година во тетовската противпожарна единица и оди во пензија со 57 години и четири месеци. Со оглед дека негови колеги поради бенефициите порано се пензионираат, Мишевски смета дека можеби држи и рекорд.

– Сметам дека можеби сум и сум најстар пензиониран пожарникар во Македонија и не ни чудо на Балканот бидејќи во сите други држави излегуваат во пензија како дел од централна власта или пример како дел од Министерството за внатрешни работи каде максимално е 32 години работен стаж. Со бенефициран работен стаж на секоја година добиваат дополнително по три месеци и така на 32 години стаж имаат вкупно 40 години работен стаж. Јас имам поминато точно 35 години на работа како пожарникар, од 1988 до 2023 година, вели Сашо Мишевски.

Македонските пожарникари до 2005 година биле дел од МВР пожарникарите и имале бенефициран стаж, така што на една работна година добивале по три месеци бенефициран работен стаж. Односно за 12 месеци им се сметале дека имаат поминат 15 месеци на служба односно работен стаж.

– Од 2005 сите пожарникари се под надлежност на општините. Со тоа се сменија и правилата за пензионирање. На секои пет години работа, се намалува прагот на старосната граница односно наместо на 64 се повлекува годината на пензионирање на 63. Или ако некој помине 30 години во пожарна се одземаат шест години од старосната граница на 64 и се овозможува пензионирање на 58 години, вели Сашо.

Со оглед дека цел работен век е на едно место ги поминал редоследно сите позиции во ТППЕ Тетово. Од почетник пожарникар, бил заменик командир на вод, па командир на вод 14 години и заменик командир на единица.

– Немам бројка на интервенции во сите овие 35 години. Уште на почетокот имав тежок случај кога при тешка сообраќајка кај Желино загинаа сам возач од Жилче и брачен пар со деца. Траорна слика, а загинатите се вадеа без опрема, без апаратура, за разлика од денес. Но има и радосни примери кога ќе спречиш пожар, да не се прошири, да не дојде до големи материјални штети. Во прилика на евакуација на граѓани од зграда кога се учествуваа во спасување. Меѓу ретките во државата бевме со можност за интервенција со пена, па со тоа при пожарот во Бигорскиот манастир и спречивме уште поголема штета, вели Мишевски.

Тетовскиот пензиониран пожарникар смета дека противпожарните единица треба да бидат под централна власт.

– Под локална власт чиста партизација се води, и финансирање и опременоста на пожарникарите останува на свесноста, милоста и способноста на градоначалникот на општината, на локалната власт. Што поскоро противпожарните единици влезат под централна власт, многу ќе биде подобро и поефикасно за самата држава. Ќе владеат правилата за работа на пример во полиција. Ќе се вработуваат нови пожарникари само до одредена возраст, не може да се вработи некој на над 40 години како што се прави сега, вели Мишевски.

Тетовскиот пожарникари учел средно образование по што поминал уште една учебна година Центар за безбедност „Елисие Поповски-Марко“ во Скопје.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ONE STOP SHOP ПОЧНА ДА ФУНКЦИОНИРА НА ЌАФАСАН Мицкоски и

22/11/2026
Македонија

ПОВРЕДЕНИОТ АЛПИНИСТ БИЛ ИНСТРУКТОР ОД СРБИЈА Пред да падне предупредил

22/11/2026
Македонија

ЦРКОВНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА 80. РОДЕНДЕН НА РУСКИОТ ПАТРИЈАРХ Кирил им

22/11/2026
Македонија

📷 СПЕЦИЈАЛЦИТЕ ИЗВЛЕКОА ПОВРЕДЕН АЛПИНИСТ ОД ТЕШКО ПРИСТАПЕН ТЕРЕН Биле

22/11/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПРИПАДНИК НА „ТИГАР“ ВО КАСАРНАТА „ИЛИНДЕН“ Завршил во болница

21/11/2026
Македонија

СТУДОТ ПОЧНУВА ДА ПОКАЖУВА ЗАБИ По сончевите периоди следуваат дожд,

21/11/2026
Македонија

ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО ОХРИД И ВО СТРУГА ПОРАДИ ЕДИ

21/11/2026
Македонија

НИТУ ДЕНАР ДОЛГ КОН ПРИПАДНИЦИТЕ НА АРМ Петрушевски тврди дека

21/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46879
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ONE STOP SHOP ПОЧНА ДА ФУНКЦИОНИРА НА ЌАФАСАН Мицкоски и Рама очекуваат полесен проток на

22/11/2026

Новиот начин на гранично функционирање преку системот „One Stop Shop“ на граничниот премин Ќафасан ќе го олесни транспортот на патници

ПОВРЕДЕНИОТ АЛПИНИСТ БИЛ ИНСТРУКТОР ОД СРБИЈА Пред да падне предупредил дека карпите се кршливи и

22/11/2026

Повредениот алпинист е инструктор од Србија кој паднал од стаза за алпинизам кај Демир Капија и се здобил со тешки

ЦРКОВНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА 80. РОДЕНДЕН НА РУСКИОТ ПАТРИЈАРХ Кирил им рекол на македонските делегати дека

22/11/2026

Рускиот патријарх Кирил се сретнал со македонска црковна делегација, предводена од митрополитот Дебарско-кичевски Георгиј, во чиј состав бил и епископот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy