Пожарникари од Струмица самоиницијативно се вклучуваат во потрагата по момчето исчезна во водите на браната кај село Дрвош
Денес, (недела) 23.07.2023 година,во раните утрински часови ТППЕ Струмица, самоиницијативно сакајќи да помогне во апелите на семејството за пронаоѓање на исчезнатото момче во водите во браната кај с.Дрвош, испрати екипа составена од неколку пожарникари-спасители и сопствена опрема.
Се надеваме дека во рамките на нашите можности ќе помогнеме во овој трагичен случај.
Нуркачи од МВР, семејството, но и жителите од Дабиле кои се самоорганизираат – деноноќно ги пребаруваат водите, но безуспешно. Лошиот терен и заматената вода ја отежнуваат потрагата.
Инцидентот се случил во неделата, на 16ти месецов, попладнето околу 14 часот. Семејството повикало брза помош, која веднаш пријавила во полиција. На терен излегле и пожарникари, а во потрагата два дена вклучена била и нуркачка екипа од МВР.