
Пожар во училиште во Ракотинци, еден пожарникар повреден при гаснење
Во село Ракотинци, скопско, избувна пожар во стариот објект на основното училиште.
Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а при интервенцијата еден пожарникар се здобил со повреди.
Повредениот бил пренесен во здравствена установа за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
