Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Клиниката „Козле“ остана без вода – пациенти се примаат, но лабораторијата е во прекин
Македонија

Клиниката „Козле“ остана без вода – пациенти се примаат, но лабораторијата е во прекин

17/07/2025

AA

Клиниката за респираторни заболувања кај деца „Козле“ денеска целосно остана без вода, откако изминатите денови во објектот се бележеше слаб воден притисок. Причината, како што појасни директорката Катерина Бошкова, не е технички дефект, туку локацијата на установата – која се наоѓа во високата зона на градот, исто како и населбата Водно, каде што сè уште нема редовно водоснабдување.

„Засега функционираме, пациентите се примаат редовно, но лабораторијата за венска крв моментално не работи. Обезбедени се цистерни за техничка вода за одржување хигиена, а за пиење добиваме донации. Проблемот настанува поради зголемената потрошувачка на вода и недостигот кој се јавува во високите зони. Ни беше кажано дека ситуацијата ќе се нормализира, но немаме конкретни рокови“, изјави Бошкова за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Незадоволството расте и кај жителите на Водно, кои велат дека проблемот со водоснабдувањето трае со недели. Меѓу нив е и новинарот Ивор Мицковски, кој на својот профил на Фејсбук напиша дека на улицата „Салвадор Аљенде“ речиси две недели нема вода од пладне до полноќ.

„Ако навистина има енормна потрошувачка, тогаш треба да се воведат рестрикции низ цел град, а не само еден дел да биде жртва. На 40 степени да нема вода е срамота – и тоа во главниот град. Не може само некој да ги сноси последиците од неразумното трошење и градење“, напиша Мицковски.

Од ЈП „Водовод и канализација“ сè уште нема официјална информација кога проблемот ќе биде надминат, ниту дали се разгледува можноста за воведување рестрикции на градско ниво.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy