Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пожар под Солунска глава, на терен авион на ДЗС – се планира вклучување и на полицискиот хеликоптер!
Македонија

Пожар под Солунска глава, на терен авион на ДЗС – се планира вклучување и на полицискиот хеликоптер!

01/10/2023

AA

Центарот за управување со кризи известува дека преку РЦУК Охрид, е добиена информација дека вчерашниот пожар, на отворен простор, во реонот на с.Белица, во Општина Македонски Брод, во месноста „Аргулица“ под Солунска Глава е се уште активен. Екипата пожарникари на ТППЕ Македонски Брод и на ЈП „Национални Шуми“ подружница „Сандански“ интервенираат во пристапниот дел од теренот.

Со пожарот е зафатена нискостеблеста шума, трева и грмушки, но поради ширењето на истиот постои можност да зафати и борова шума и е проширен во непристапен и карпест терен каде што екипите не можат да стигнат. Поради тоа, градоначалникот на Општина Македонски Брод, преку ЦУК, побара дополнителна помош, поддршка од противпожарни воздухоплови за интервенција од воздух врз проширениот пожар.

Во почетокот на денот е ангажиран еден авион на ДЗС, што дејствува сам до 13:00 часот, како поддршка на противпожарните тимовите коишто гаснат од земја. Потоа, согласно развојот на настаните и метеоролошките услови, е планирано да бидат ангажирани и хеликоптери на МВР „бел“ што имаат можност да носат противпожарно ведро и да гаснат пожари на отворено.

Пожарот кај с.Белица, во Општина Македонски Брод, во месноста „Аргулица“, под врвот Солунска Глава на планината Јакупица е еден од 39-те вчерашни пожари којшто гори се уште на висок и на повеќе места непристапен терен. Инаку, врвот Солунска Глава на планината Јакупица е со височина од 2.540 метри и е дел од високите врвови од најголемиот македонски планински масив Мокра Планина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

27 пожари низ Македонија, активни се 11

18/08/2026
Македонија

Велешанецот Благој Гугинов влезе во топ 10 кајакари во Европа

18/08/2026
Македонија

ЕБР бара нови припадници – отворен интерен конкурс за полициски

18/08/2026
Македонија

Исплатена финансиската помош за онколошките пациенти кои ги исполниле условите

18/08/2026
Македонија

Пожар избувна во автобус на ЈСП кај Цветово, возачот го

18/08/2026
Македонија

166 пешаци санкционирани за сообраќајни прекршоци, најголем дел преминувале улица

18/08/2026
Македонија

Стотина пријави за угинати птици пристигнале до АХВ, апел да

18/08/2026
Македонија

Армијата одбележа 34 години: Сиљановска, Мисајловски и Лафчиски со пораки

18/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45094
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

27 пожари низ Македонија, активни се 11

18/08/2026

На ден 18.08.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни,

Велешанецот Благој Гугинов влезе во топ 10 кајакари во Европа

18/08/2026

Седумнаесетгодишниот кајакар Благој Гугинов, член на ККК „Арка-Борец“ од Велес, оствари историски успех освојувајќи го деветтото место на Европското првенство

ЕБР бара нови припадници – отворен интерен конкурс за полициски службеници

18/08/2026

Министерството за внатрешни работи ги известува сите заинтересирани активни полициски службеници дека од денеска е официјално отворен интерен конкурс за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy