Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пожар остави делови од Аргентина без струја
Македонија

Пожар остави делови од Аргентина без струја

02/03/2023

AA

Пожарот во близина на високонапонски водови остави големи делови од Аргентина без струја , објави АФП, повикувајќи се на властите. Ова се случи во време кога земјата беше зафатена од топлотен бран што доведе до пораст на потрошувачката.

Милиони Аргентинци во неколку провинции и области на Буенос Аирес останаа без струја најмалку два часа. Во главниот град во доцните попладневни часови е вратена електрична енергија и постепено се обновува сообраќајот на метрото.

Пожарот избувна во поле на околу 60 километри од Буенос Аирес , во близина на високонапонски линии поврзани со блиската централа Атуча 1 . Нуклеарната централа е исклучена од електричната мрежа како мерка на претпазливост.

Министерството за енергетика соопшти дека со наводна потрошувачка од 25 илјади мегавати, инцидентот привремено ја лиши земјата од околу 9 илјади мегавати производствен капацитет.

Аргентина е во канџите на деветтиот топлотен бран ова лето. Температурата во Буенос Аирес вчера достигна 36 Целзиусови степени. Според националната метеоролошка служба, главниот град го доживува своето најжешко лето во историјата, забележува АФП.

Ројтерс истакнува дека Аргентина забележала неколку прекини на електрична енергија поради големата побарувачка од јануари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

4 активни пожари низ Македонија

16/08/2026
Македонија

Операција „Вардарис“ разби шема за шверц: Дрога вредна милиони скриена

16/08/2026
Македонија

Ивановски го освои 46-то место на Европското првенство во Бирмингем

16/08/2026
Македонија

Љупчо од Скопје го нема 10 дена, семејството тврди: Пред

16/08/2026
Македонија

Градоначалникот на Зелениково возел противпожарно возило за да ги спаси

16/08/2026
Македонија

Во септември покачување на пензиите

16/08/2026
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45042
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy