ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ И ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли до 20 степени
Времето утре ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
Во попладневните часови и во текот на ноќта, во западните делови од Македонија ќе има услови за појава на локален дожд, а на повисоките планини од слаб снег.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура најниско ќе се спушти до минус 3 во Маврово. Најтопло ќе биде во демир капија со температура до 16 степени.

Во понеделник времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд.
Потоа од вторник ќе биде стабилно со променлива облачност во текот на денот, а во петок повторно ќе има услови за појава на слаб локален дожд.
Од вторник температурите ќе бидат во пораст.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

.
Извор: plusinfo.mk