ТРАЈНА Е МИСИЈАТА ЗА ПОМАЛКУ ШАЛТЕРИ, ПОБРЗИ ПОСТАПКИ И ЗА ПОБЕЗБЕДНИ УСЛУГИ Европската оценка за „добар напредок“ дигиталната трансформација е заначаен резултат
Заклучокот на Европската комсија за „добар напредок“ и подигнато ниво на подготвеност во областа на дигиталната трансформација е заначаен резултат за Македонија, рече ресорниот министер Стефан Андоновски.
Според него, европската оценка е важна потврда, а секојдневното искуство на граѓаните е трајна мисија на Министерството за дигитална трансформација за помалку одење по шалтери, побрзи постапки, побезбедни услуги и повеќе можности за компаниите и за младите луѓе.
Во освртот за напредокот нотиран во извештајот на Европската комисија, тој искажа задоволство затоа што извештаите во 2021, 2022, 2023 и во 2024 година оценката беше „ограничен напредок“, во 2025 – „одреден напредок“, а за 2026 година – „добар напредок“.
– Зад ова поместување стојат донесени закони, воспоставени системи и услуги што граѓаните сè повеќе ги користат. Стојат и луѓе што секојдневно работат овие промени да станат функционални – истакна Андоновски.
Тој издвои пет конкретни области. Во однос на првата – електронските услуги за граѓаните и компаниите – според податоците во извештајот, рече, до крајот на август на националниот портал биле достапни 338 услуги, вклучително и делумно и електронски услуги.
– Нивното користење е двојно зголемено во однос на претходната година. За мене ова користење има особено значење, покажува дека сè повеќе граѓани и компании избираат да си ја завршат работата електронски. Затоа ќе се насочиме за што повеќе услуги што може да се завршат електронски – од поднесување барање до добивање документ и завршување на работата – рече Андоновски.
Подобрување има и во размената на податоци меѓу институциите (втората област) – наспроти 700.000 транскации на платформата за интероперабилност месечно во 2024 година, 1,4 милион во 2025, досега се 5,6 милиони месечно во 2026 година.
– Нашиот принцип тука е јасен – институциите мора да разменуваат податоци, а не граѓаните документи. Од граѓанинот не треба да бараме да биде посредник меѓу две државни институции – рече Андоновски и додаде дека очекува од секоја инститициуја активно да учествува и да ги приспособува своите постапки.
Третата област пофалена во извештајот е електронскиот документ менаџмент систем – ЕК нотира дека до крајот на јуни 2026 година овој систем го користеле 44 институции.
– Нашата цел е електронското работење да стане секојдневна практика во администрацијата. Можам да најавам 20 нови институции на платформата во наредните три месеци – соопшти Андоновски.
За сајбер-безбедноста – четвртата област, министерот посочи дека во извептајот е нотирана посветеноста за заштита на податоците и градењето капацитети и воспоставената законска рамка за поорганизирано постапување.
Во врска со петтата област – вештачката интелигенција и проектот „Везилка“, ЕК во поглавјето Иновации го издвојува овој национален проект, коордииниран од ФИНКИ, како проект што ја поврзува Македонија со европскот екосистем преку партнерството со ФАРОС.
Како што рече, во овој проект Министетството и Владата вложуваат преку 90 милоиони денари и капацитети, поврзување и можности за апликација на АИ во јавната администрација.
– За нас ова е можност што треба да ја претвориме во практична корист. Сакаме македонските истражувачи, студенти, компании, да добијат повеќе можности да креираат и да развиваат решенија со вештачка интелигенција. Сакаме и малите компании да може да ја користат технологијата за подобри производи, поголема продуктивност и пристап до нови пазари. Талент имаме. Нашата задача е да создадеме услови тој талент да работи, да истражува и да создава тука, во Македонија – истакна Андоновски.
Министерот се осврна и на апликацијата „м.Услуги“, промовирана по периодот опфатен со Извештајот, нагласувајќи дека продолжуваат подобрувањата врз основа на забелешките на корисниците и развојот на дигиталниот паричник.
Преостанатите препораки на Европската комисија, како што посочи, се прифаќаат како работни обврски, со фокус на поедноставување на постапките, проширувањето на заедничките системи и подобрување на пристапноста на услугите.
На новинарско прашање за надминување на бариерата за роаминг рече дека пред една недела на седница на Владата е усвоена рамка и нацрт-спогодба со ЕУ.
– Веќе го имаме текстот за нацрт-спогодбата, го вративме со коментари во Европската комисија. Тоа е начинот на кој се преговара, и очекувам во краток период да добиеме повратно, да видиме каде можеме да се најдеме за некои од забелешките кои ние ги имавме и да одиме потоа на потпишување и ратификација на спогодбата – рече Андоновски.
Во врска со зголемувањето на е-услугите министерот посочи дека во наредниот период ќе ги има и за бизнисот, меѓу кои и услугата регистар на авторизација, што е корисно за компаниите, а паралено ќе се развиваат нови услуги и за граѓаните. За таа цел Министерството за дигитална трансформација соработува со повеќе институции, а предничи соработката со Министерството за внатрешни работи.
.
Извор: plusinfo.mk