Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Повторно пронајдени стари пушки и гранати кај поранешната касарна во Битола
Магазин

Повторно пронајдени стари пушки и гранати кај поранешната касарна во Битола

30/05/2024

AA

Старо оружје кое потекнува од Балканските војни вчера повторно било пронајдено при изведување на градежни работи на местото на поранешната касарна во Битола, соопшти утрово Центарот за Управување со кризи.

Од оваа локација, каде што сега се гради новиот објект на битолската Територијална противпожарна единица, како што известиле од Регионалниот ЦУК, од страна на екипи на Дирекцијата за заштита и спасување вчера биле подигнати 1.017 стари пушки, пет рачни бомби и една артилериска граната со калибар од 60 милиметри.

На истата локација и изминатите денови беа пронајдени поголем број стари пушти од времето на Балканските војни.

„Со претходните денови на таа локација досега се пронајдени вкупно 2.839 пушки“, велат од Центарот за управување со кризи.

Освен од Битола, вчера и од Регионалниот ЦУК Тетово, било испратено известување дека на улицата „ЈНА“ во Гостивар, исто така, при изведување градежни работи биле пронајдени 29 неексплодирани гранати. На местото увид извршиле претставници на Општина Гостивар, РЦУК Гостивар, како и екипи на Министерството за внатрешни работи и на Дирекцијата за заштита и спасување.

„Неексплодираните убоити средства (НУС) од Битола и Гостивар се безбедно подигнати и пренесени во магацин и со нив ќе се постапува според стандардните безбедносни оперативни процедури предвидени за вакви случаи“, се наведува во соопштението на Центарот за управување со кризи.

Од Центарот уште еднаш апелираат до граѓаните во случај да пронајдат оружје, бомби, гранати и слични неексплодирани убоити средства (НУС), да не ги допираат и поместуваат, туку веднаш да ја пријават локацијата на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.

Инаку, пред два дена во близина на поранешниот гарнизон во Битола беа пронајдени 1.408 стари пушки, кои потекнуваат од минатите балкански војни.

Во Битола пронајдени 1.408 пушки од Балканските војни

На 22 и 23 мај, како што информираа тогаш од ЦУК, на местото беа најдени и подигнати од пиротехничар на ДСЗ 413 пушки, една артилериска граната со калибар од 95 милиметри и 30 куршуми.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ЈА ПРОПУШТИЛА ШАНСАТА ЗА ДОБАР ПРВ ВПЕЧАТОК Мицкоски

26/09/2026
Македонија

СОФИЈА НЕ САКА БРИСЕЛ ДА СЕ ВКЛУЧИ ЗА ДА НЕ

26/09/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР НА ОТПАД ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ТЕТОВО На граѓаните

26/09/2026
Македонија

СВЕТЛАНА МОЈСОВ ОДЛИКУВАНА СО ОРДЕН „8 СЕПТЕМВРИ“ Македонија се гордее

26/09/2026
Македонија

ПРВО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, ПА ОТВОРЕНИ ЛИСТИ Платформата 12.05 нуди

26/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ Е ФРАКЦИЈА ВО СДСМ И МОРА ДА ЈА ОСЛОБОДИ

26/09/2026
Македонија

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА

26/09/2026
Македонија

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ

26/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45826
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ЈА ПРОПУШТИЛА ШАНСАТА ЗА ДОБАР ПРВ ВПЕЧАТОК Мицкоски не сака да се меша

26/09/2026

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ ја пропуштила можноста да остави позитивен прв впечаток, бидејќи ги потценува граѓаните, со тоа

СОФИЈА НЕ САКА БРИСЕЛ ДА СЕ ВКЛУЧИ ЗА ДА НЕ ПРИЗНАЕ ДЕКА ИМАМЕ БИЛАТЕРАЛЕН СПОР

26/09/2026

Досегашните средби на билатерално ниво меѓу Северна Македонија и Бугарија се средби „колку да се случат“, а Европската Унија треба

ГОЛЕМ ПОЖАР НА ОТПАД ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ТЕТОВО На граѓаните им е препорачано да ги

26/09/2026

Во автоотпад во Тетово избувна пожар, при што биле зафатени гуми, акумулатори и пластични делови од возила. Пожарникарите со часови

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy