Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Повредениот параглајдерист со полициски хеликоптер пренесен за укажување лекарска помош
Македонија

Повредениот параглајдерист со полициски хеликоптер пренесен за укажување лекарска помош

02/08/2023

AA

Денеска (02.08.2023) во 17.50 часот полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени, Алпинистичкиот тим и животоспасители од Одделот за специјални полициски операции – САЕ Тигар, заедно со граничната полиција од РЦ Запад успешно ја завршија спасувачката акција на планината Галичица, откако во попладневните часови беше пријавено дека холандски државјанин се здобил со тешки телесни повреди при спуштање со параглајдер на падините на Галичица од македонската страна на планината.

Имено, Алпинистичкиот тим на САЕ Тигар во 17.00 часот со хеликоптер пристигна на местото на несреќата, го фиксира и го презеде повредениот холандски државјанин Л.Г.Ј.(35), кој претходно беше имобилизиран од екипа на Планинарската спасувачка служба на Црвен крст Охрид и во 17.15 со хеликоптерот од Хеликоптерската единица за полициски намени, која е дел од Одделот за воздухопловни операции на МВР, стартуваше со транспорт кон Скопје.

Во 17.50 часот тимот од МВР со повредениот слета на хелиодромот во Комплекс клиники и во координација со лекарите од клиниките, лицето во придружба на животоспасител од САЕ Тигар, на негово барање, во 18.10 часот е префрлено во приватна медицинска установа за укажување на лекарска помош.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44939
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното

09/08/2026

Во Охрид вечерва на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, настан организиран за одбележување на

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

09/08/2026

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер денеска во Куќата на МАНУ во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2026 година,

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026

Општина Велес утре во раните утрински часови ќе го спроведе третото авионско третирање против комарци. Со прскањето ќе бидат опфатени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy