Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОТВРДА ЗА ЗАЦВРСТУВАЊЕ НА ПАРТНЕРСТВОТО СО САД Петрушевски за средбите на македонската делегација во Вашингтон
Македонија

ПОТВРДА ЗА ЗАЦВРСТУВАЊЕ НА ПАРТНЕРСТВОТО СО САД Петрушевски за средбите на македонската делегација во Вашингтон

22/09/2026

AA

На телевизија Телма во емисијата „Директно” гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој истакна дека американската турнеја на македонската делегација сè уште трае, а конкретните резултати од посетата допрва ќе се сумираат и анализираат и посочи дека средбите во САД се значајни за продолжување и зацврстување на стратешкото партнерство, но и за претставување на македонските меѓународни позиции, барање поддршка и привлекување нови инвестиции во домашната економија.

– Американската турнеја се уште трае, така што ќе мора да ги сублимираме тие впечатоци, средби, да се изанализираат и да видиме што во конкретна смисла тоа ќе донесе, во онаа политичка смисла апсолутно посетата на нашиот стратешки партнер секогаш е битна од аспект да се продолжи стратешкиот дијалог и да се зацврсти партнерството, да се образложат нашите кредибилни меѓународни позиции, да се побара поддршка и да ја стави Македонија онаму каде што треба да биде, и нормално да побараме инвестиции во домашната економија и се она коешто ќе значи подобар живот на граѓаните – рече Петрушевски.

Петрушевски истакна дека средбите на македонската делегација во Вашингтон се потврда за интензивирање на стратешкиот дијалог со САД и ги посочи средбите со американските конгресмени, заменикот државен секретар Кристофер Ландау и државниот секретар Марко Рубио, како и фактот дека Македонија е првата европска земја што започнала стратешки дијалог со САД.

– Факт е дека имаше средба премиерот со двајца конгресмени во оваа турнеја, имаше официјална средба со заменикот државен секретар Кристофер Ландау, сите ја видоа беше објавена, не знам дали ги задоволува естетските критериуми на Жерновски меѓутоа беше објавена таа официјална средба, имаше средба со државниот секретар Рубио на којашто напротив и од фотографиите се гледа срдечноста, сосем различна слика од она коешто генерално СДС се обиде да го направи меѓутоа тоа е очекувано од нивна страна – посочи Петрушевски и додаде:

– Она коешто е битно е дека ние сме во периметарот на оваа администрација за разлика од она коешто го слушавме претходно од СДС особено во делот на односот којшто го имаа кон оваа администрација и пред се кон претседателот Трамп пред да биде избран за втор мандат какви се изјави имаа, за да сега одеднаш бидат толку загрижени за односот, второ Македонија е прва од Европа која започна стратешки дијалог со САД и тоа е уште еден доказ за тоа колку оваа администрација на Трамп ја смета Македонија во периметарот или не – рече Петрушевски.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МЛАДИТЕ ШТО ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ИМААТ СОГОВОРНИК ВО ПРЕМИЕРОТ Мицкоски

22/11/2026
Македонија

20% ПОВЕЌЕ УСЛУГИ ЗА СТУДЕНТИТЕ И ЗА МЛАДИТЕ Поволностите ќе

22/11/2026
Македонија

СТАНОВИТЕ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ДВОЈКИ ЌЕ БИДАТ ЗА 20% ПОЕВТИНИ

22/11/2026
Македонија

ПОЧИНА БИЗНИСМЕНОТ БОШКО РЕМИС Се занимаваше со градежништво и со

22/11/2026
Македонија

НЀ ОЧЕКУВА ДОЖДЛИВА НЕДЕЛА На планините ќе има снег

22/11/2026
Македонија

ПОТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТО ЛИЦЕ ВО ГОСТИВАР Се пребарува и по

22/11/2026
Македонија

РАМА ТВРДИ ДЕКА АЛБАНИЈА НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ПОПРЕЧУВА ПАТОТ

22/11/2026
Македонија

ONE STOP SHOP ПОЧНА ДА ФУНКЦИОНИРА НА ЌАФАСАН Мицкоски и

22/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46886
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МЛАДИТЕ ШТО ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ИМААТ СОГОВОРНИК ВО ПРЕМИЕРОТ Мицкоски ѝ порача на опозицијата да

22/11/2026

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска им порача на младите кои протестираа против насилството врз жените, дека во

20% ПОВЕЌЕ УСЛУГИ ЗА СТУДЕНТИТЕ И ЗА МЛАДИТЕ Поволностите ќе се користат преку апликацијата м.услуги

22/11/2026

Како трета мерка за младите премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, најави 20 проценти поголеми услуги за студентите и

СТАНОВИТЕ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ДВОЈКИ ЌЕ БИДАТ ЗА 20% ПОЕВТИНИ Фирмите ќе бидат задолжени да

22/11/2026

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од конференцијата на Унијата за млади сили на партијата, најави три клучни

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy