Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОСТОИ ОПЦИЈА МАКЕДОНИЈА ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕУ НО БЕЗ ПРАВО НА ГЛАС Ќе работиме на откочување на преговорите, но не под притисок, рече Мицкоски
Македонија

ПОСТОИ ОПЦИЈА МАКЕДОНИЈА ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕУ НО БЕЗ ПРАВО НА ГЛАС Ќе работиме на откочување на преговорите, но не под притисок, рече Мицкоски

19/02/2026

AA

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека постои членство во Европската унија, но без право на глас, што, како што изјави вечерва, би се случила во 2027 година, како дел од сценарио поврзано со мировниот план за Украина.

– Постои една идеја која се погласно се слуша и во Брисел и наоколу и го опфаќа мировниот план за Украина во кој практично интеграцијата на Украина, а со цел идна реконструкција, во рамки на ЕУ би била на брза лента. Тоа би било непринципиелно кон Западен Балкан и постојат две сценарија. Добро е што и ние сме во двете сценарија. Првото сценарио е Украина заедно со Црна Гора, Албанија и Македонија да стане членка на ЕУ и тоа на почеток на 2027, седне на масата, се развиори македонското знаме во Брисел, но без право на глас. Да учествуваме во работата на советот, комисиите, телата, со многу внатрешни контролни механизми, рече Мицкоски, во „Само интервју“ на ТВ Канал 5.

Како што дополни, има два задолжители услова – заедничка надворешна и безбедносна политика, што кај нас е затворено, и владеење на правото. Прашан дали во условите се и уставните измени наведе дека „претпоставува оти ќе биде и тоа бидејќи е прифатено од претходната влада“.

– Оваа интеграција би се случила во 2027. Вториот услов е на ова да се приклучат и другите земји од регионот, Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Молдавија.

Ова е тоа што се слуша во Брисел, што се слушаше во Минхен, но тоа зависи од многу ако параметри, од мировниот план за Украина, консензусот за евентуален мировен договор, итн. Светот се менува динамично, и ќе продолжи да се менува ние треба да сме умни и да ги антиципираме те промени и да се адаптираме, наведе Мицкоски.

Тој најави дека Владата ќе работи на решение за откочување на евроинтеграцискиот процес на државата, но не под притисок. Оцени дека аргументите се на наша страна и оти добиваат физиономија во меѓународната заедница.

Ќе бидеме, вели Мицкоски, апсолутно проактивни во овој процес, ќе нудиме и ќе бараме решение бидејќи ова кое го наследивме, а кое го прифати претходната влада во суштина не е решение и најголем дел од граѓаните во Македонија не го прифаќаат.

– Ако требале децении да се постигне Бледскиот договор веднаш по Втората светска војна и Македонците од другата страна на границата да добијат културна автономија со право на спојување кон тогашната Народна Република Македонија, во склоп на југословенската федерација, потоа тоа од познати причини 49-тата година прекинува, па потоа ако му требале децении на живковизмот да ги дочека Заев и Ковачевски а тие да го прифатат т.н Француски предлог, можеби ќе требаат повторно децении да добиеме некое фер и пристојно решение кое ќе го сочува достоинстото и идентитетот а од друга страна ќе нуди предвидлив процес кон иднинатата. Ние ќе работиме на решение, но нема да работиме под притисок. Нема да работиме кон решение кое нема да не одведе до самиот крај туку до првата следна пречка. Тоа јас не можам да го прифатам и тоа сум го кажал досега во многу наврати. Аргументите се на наша страна, нашите аргументи зартуваат, добиваат некаква форма, физиономија, во меѓунардната заедница. Меѓународната заедница гледа што се се случува, за жал се уште постои правило во ЕУ кое вели – еден глас, рече Мицкоски.

Тој сподели дека на последниот панел на Минхенската безедносна конференција, еден од дискутантите од многу моќна државава рекол „Тоа што и го правиме на Македонија е криминал’.

Известувачот Европскиот парламент за Македонија, европратеникот Томас Вајц, според Мицкоски, не вели итно да се донесат уставните измени, туку да се донесат. – Тоа сите го знаеме, не можеме да го игнорираме слонот кој некој го донел во собата. Но има и други работи што исто така ги гледаме па да видиме како може да дојдеме до компромис за да добие ме сите од процесот. Ценам дека досега сите влади кои прифаќале копромиси на штета на макеоднскиот идентитет и иднинатата на државата го правеле тоа што имале ветувања дека на тој начин ќе ја постигнат цената. Никогаш не успевале затоа што секогаш потои – ако, рече Мицкоски.

Според него, треба да сме мудри и трпеливи, да работиме и да си ги кажуваме гласно нашите аргументи.

– Секој кој не и мисли добро на Македонија и на граѓаните ќе бара меко ткиво и тоа го наоѓа во опозицијата, наведе премиерот.

Прашан дали би изградил консензус со лидерот на СДСМ Венко Филипче, посочи дека опозицискиот лидер кажал „дека би го сменил уставот уште утре“. – Кога имаме толку различни позиции не гледа, како би можеле да најдеме консензус, но тоа е тоа меко ткиво што го има македонскиот идентитет и се вика СДСМ, се вика водство на СДСМ, наведе Мицкоски.

Се што правам како претседател на Владата и што испорачуваме, дополни, не се мери со ниту едно постигнување на претходната влада која условно била за ЕУ затоа што прифатила нешто коешто не успеала да го испорача. – Јас таква политика нема да водам. За тоа за што сум подготвен да водам ќе излезам и ќе кажам јас можам да водам. Јасни се правилата на игра, не ги меувам правилата на игра врз основа на амбиент. Тоа е конзистентен став јасен став кој таре со месеци и со години и така ќе проджиме да ги презентираме така ќе продолжиме, рече Мицкоски.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Колку ќе добие државата од „Иловица“? Новите правила носат поголеми

10/06/2026
Македонија

Утре авионска дезинсекција против ларви од комарци во Скопје

10/06/2026
Македонија

Уапсени двајца скопјани на Долно Блаце, осомничени за кражба на

10/06/2026
Македонија

Царината заплени 312 пури вредни 4.000 евра на Табановце –

10/06/2026
Македонија

Обезбедени 50 милиони денари за нова противпожарна станица во Аеродром

09/06/2026
Македонија

ШТИПСКИ ТЕКСТИЛЦИ НА ПРОТЕСТ: Германски институции ги гонат газдите за

09/06/2026
Македонија

Богојески: Тргувам со биткоини на светски берзи, македонската е намерно

09/06/2026
Македонија

Си ја пријавил дека ги оставала децата да спијат во

09/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43682
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Колку ќе добие државата од „Иловица“? Новите правила носат поголеми приходи од рударството

10/06/2026

Владата најавува нов пристап кон управувањето со минералните ресурси, со акцент на поголема економска корист за државата и локалните заедници.

Утре авионска дезинсекција против ларви од комарци во Скопје

10/06/2026

Градот Скопје ги информира граѓаните дека утре во раните утрински часови ќе се спроведе авионска дезинсекција против ларви од комарци

Уапсени двајца скопјани на Долно Блаце, осомничени за кражба на возило

10/06/2026

На 10.06.2026 во 00:10 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници ги лишија од слобода

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy