Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Постојат ли огласи за вработување на кои никој не се пријавува?
Економија

Постојат ли огласи за вработување на кои никој не се пријавува?

01/03/2023

AA

Од приватните
агенции за посредување при вработување велат дека има огласи за работа на кои не се
пријавува ниту еден кандидат или по реобјавување се јавуваат 2-3
луѓе, кои не ги поседуваат соодветните компетенции.

Ова особено се
однесува за дефицитарните професии. Од агенциите објаснуваат дека одливот на
работа сила надвор од Македонија доведе до ваква состојба и веруваат дека ќе
биде и полошо. Занаетчии, келнери, возачи на камиони, шивачи, оџачари тешко се
наоѓаат.

„Се сеќавам дека
имаше оглас за столар во фабрика за мебел и ми кажаа дека никој не се пријавил.
Занаетите се дефицитарни и навистина е тешко да се најде занаетчија од типот на
градежник, ѕидар, плочкар. Сега знаеме дека во странство ќе почне летната
туристичка сезона, а многу работници заминаа таму и тоа ја прави ситуацијата
уште полоша. Последниве години се чувствуваат тие примени. Квалитетниот кадар
кој останува овде е минимален. Работниците или не се доволно компетентни или се
прескапи. Работодавачот ако се најде во таква ситуација мора да го одбере
„помалото зло“, ако можеме така да кажеме. Дури се случува на некои огласи да
се јават луѓе кои немаат соодветни квалификации, но сакаат да пробаат дали
можат да работат одредена работа“, раскажува Донка Спасовска, сопственичка на
агенцијата „Хоризонт“.

Од друга скопска
агенција велат дека има огласи за вработување за кои нема интерес. Ако се
работи за помала општина, шансите да се најде соодветен работник се мали.

„Има такви огласи
и по некое време нема пријавени апликанти. Тешко наоѓаат возачи на камиони со Ц
категорија. Истото важи и за некои специфични струки каде се бара поседување на
соодветни лиценци, но и за келнери има проблем. Ако се потребни работници за
изградба на автопат, во една општина ги нема, па мораат да обезбедат луѓе за
работа од друг град. Доколку се бараат градежници за во помал град, оние кои се
занимаваат со таа работа веќе се вработени и е тешко да се најде работник“,
додаваат од скопска агенција.

Но, од агенциите велат дека кандидатите одлучуваат каде ќе аплицираат врз основа на
реномето на одредена компанија, висината на платата исто ја земаат предвид ако
е наведена и дали работното место е блиску до нивниот дом.

Нашите
соговорници велат дека за работа во државен сектор има голем интерес. На веб страницата
на Агенцијата за вработување вчера имаше над 8.000 слободни работни места. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕМА ОДГОВОР ОД СОФИЈА НА БАРАЊЕТО ЗА БИЛАТЕРАЛНА СРЕДБА По

05/10/2026
Македонија

ВО БИТОЛА ЌЕ СЕ АЖУРИРААТ ПОДАТОЦИТЕ ЗА ВОДОМЕРИТЕ Акцијата ќе

05/10/2026
Македонија

ГО НАПАДНАЛЕ СО ДРВЕНИ ПАЛКИ, ПА ЗАВРШИЛ ВО БОЛНИЦА Полицијата

05/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ СО ГОДИНИ МОЛЧЕЛ ДЕКА ПЕТРОВСКА НАБАВИЛА ЗА 37 МИЛИОНИ

05/10/2026
Македонија

ВО ИНТЕРЕС НА САД Е МАКЕДОНИЈА ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕУ

05/10/2026
Македонија

📷 БОГАТИ АРХЕОЛОШКИ НАОДИ ОТКРИЕНИ ВО НЕКРОПОЛАТА РЕСНИЦА ВО СТРУШКО

05/10/2026
Македонија

ОВА Е ФАРСА, КОСКИТЕ НА САМУИЛ СЕ ОДНЕСЕНИ ВО СОФИЈА

04/10/2026
Македонија

НА ПОВИДОК ГОЛЕМ СКАНДАЛ ЗА ТРАМПАТА ЗА КОСКИТЕ НА ЦАР

04/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45980
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕМА ОДГОВОР ОД СОФИЈА НА БАРАЊЕТО ЗА БИЛАТЕРАЛНА СРЕДБА По советот на Фон дер Лајен,

05/10/2026

Сè уште нема одговор од бугарската страна за барањето за средба што ја побара македонското МНР со Софија по разговорите

ВО БИТОЛА ЌЕ СЕ АЖУРИРААТ ПОДАТОЦИТЕ ЗА ВОДОМЕРИТЕ Акцијата ќе трае една година

05/10/2026

ЈКП „Водовод“ – Битола започнува со организирана теренска акција за проверка и ажурирање на податоците за корисниците, водомерите и водоводните

ГО НАПАДНАЛЕ СО ДРВЕНИ ПАЛКИ, ПА ЗАВРШИЛ ВО БОЛНИЦА Полицијата ги бара тројцата напаѓачи на

05/10/2026

Дваесет и шестгодишен охриѓанец бил физички нападнат од тројца мажи кои користеле дрвени палки на регионалниот пат Охрид-Струга, во близина

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy