Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Последиците ги гледаме сега: Костадиновска-Стојчевска вели дека од 2010 до 2017 не се постапувало по Планот за управување со Охридскиот Регион
Македонија

Последиците ги гледаме сега: Костадиновска-Стојчевска вели дека од 2010 до 2017 не се постапувало по Планот за управување со Охридскиот Регион

01/04/2023

AA

„Првата реактивна мисија на УНЕСКО дошла во земајва во 2017 година, кога се воочило преголемо дерогирање на карактеристиките на Охридскиот Регион. Има седум години вакуум, кога не се постапувало воопшто по Планот за управување со Охридскиот Регион. Сега ги гледаме последиците од тоа“ рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во Тема на денот, на вестите на Сител.

Таа додаде дека Законот за управувањето со Охридскиот Регион бил донесен во 2010 година, меѓутоа до 2017 година не се преземале мерки поради што се загрози статусот во УНЕСКО.

„Процесот за исполнување на препораките од УНЕСКО за заштита на Охридскиот Регион е процес на кој не може да се стави точка. Не може да кажеме дека сме задоволни и тука да застанеме. Овој процес ќе продолжи и по исполнувањето на 19 препораки“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката додаде дека целата држава треба да биде вклучена во процесот за зачувување статусот на заштитено наследство во УНЕСКО, бидејќи тоа не е процес кој може да го направи едно министерство, една општина или една агенција.

-Поништувањето на одобрението за градба за хотелот во Лагадин беше по службена должност, без да се искористи никаков аргумент од она што градежната инспекција го утврдила како неправилно во 2017 година“ рече министерката.

Таа додаде дека уште при првото поништување на одобрението за градба можело и требало да се наведе аругменти зошто се поништува.

„Причината која тие ја ставиле е млака и му дава на инвеститорот правен лек, да може да се побуни, дека не известил навреме за почеток на градбата“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката истакна дека претставниците на УНЕСКО биле известени за ситуацијата со хотелот, дека одлуките на Општината, второстепената комисија во Министерството за транспорт и врски и Управниот суд ја довеле статус-кво ситуацијата.

„Можеме да помогнеме и во Струга, ако немаат капацитети или средства. Ќе најдеме стручен тим за да се мапираат дивоградбите. Доколку не одговорат на последното задолжување од Владата, имаме начин како да пратиме таму некој да ги мапира бесправно изградените објекти за да знаеме што може да направиме понатаму“ , рече таа.

Костадиновска-Стојчевска додаде дека не мора Општината да побара помош и кажа дека одземањето на надлежностите на Општината не е едноставно, но е една од опциите доколку не се постапува по барањата на Владата.

Министерката додаде дека нема да е крај на светот дококлу сме ставени на листата на наследство во опасност, но тоа ќе значи поголеми контроли и реферирање до УНЕСКО секоја година.

Таа на актуелното прашање за зголемувањето на платите рече дека цела јавна администрација треба да добие покачување, но тоа да биде направено системски.

„Ги почитувам барањата на вработените во Министерството за култура и стојам на тоа дека цела јавна администрација мора да добие покачување, но тоа да биде направено системски“ изјави Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека извесен период фали систем за плати во јавната адмиинстрација, поради што Министерството за култура секојдневно се соочува со индивидуални тужби.

„Се покачувале плати по телефон, поради што е направена дисторзија во системот за плати. Јас ги поддржувам вработените, бидејќи тие се тие што го носат товарот на културните установи“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката смета дека поради економската криза, целата јавна администрација треба да добие покачување, но тоа да биде со изграден систем за да не се дозволи упад во системот за плати поради политички причини.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пет македонски семејства побарале помош за евакуација од подрачјата зафатени

14/08/2026
Македонија

Ахмети: Ја сакам Македонија колку што ја сакаат Мицкоски и

14/08/2026
Македонија

Еден пожарникар со изгореници, вчерашниот ден бил еден од најтешките

14/08/2026
Македонија

Од Охридско езеро извлечено тело на 46-годишен маж од Грузија

13/08/2026
Македонија

Скопјанец си го пронашол починат сопствениот син!

13/08/2026
Македонија

Трагедија во Аеродром: Работник почина откако го прегазил виљушкар кој

13/08/2026
Македонија

МНР: Нема официјална бројка за евакуирани македонски државјани од пожарите

13/08/2026
Македонија

Ангелов: Спречена е голема катастрофа во село Лознани, но опасноста

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45013
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пет македонски семејства побарале помош за евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција

14/08/2026

До овој момент вкупно пет македонски семејства побарале помош или асистенција при евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција,

Ахмети: Ја сакам Македонија колку што ја сакаат Мицкоски и Црвенковски

14/08/2026

Секој што се обидува да ги уништи албанскиот јазик и правичната застапеност треба да ги држи рацете подалеку од Охридскиот

Еден пожарникар со изгореници, вчерашниот ден бил еден од најтешките во справувањето со пожарите во

14/08/2026

Вчерашниот ден бил еден од најтешките ова лето во справувањето со пожарите низ Македонија, а најкритично било во Пелагонискиот Регион

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy