Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Посебен режим на сообраќај утре во Скопје, затворени ќе бидат овие улици
Македонија

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје, затворени ќе бидат овие улици

30/09/2023

AA

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 01.10.2023 година (недела) со почеток во 08.00 часот, поради одржување на Скопски маратон 2023, ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на подрачјето на град Скопје.

Трасата на движење на трката од 5 км ќе започне од Собрание на Република Северна Македонија, право по ул.„11 Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„Трета македонска бригада“, полукружно на крстосницата помеѓу бул.„Трета македонска бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и назад по истата траса до целта – Собрание на Република Северна Македонија на ул.„11 Октомври“.

Стартот на трасите на движење на полумаратонот на 21 км и штафетната трка на 42 км, при што по наведената траса за штафетната трка на 42 км натпреварувачите се движат два пати, е: Собрание на Република Северна Македонија на ул.„11 Октомври“, право кон плоштад „Македонија“ низ Порта Македонија, лево по ул.„Никола Вапцаров“, десно по ул.„Димитрие Чуповски“, лево по бул.„Св.Климент Охридски“, десно по ул.„Св.Кирил и Методиј“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, сѐ до крстосницата со ул.„Исаија Маџовски“, каде се врти полукружно назад по истата траса сѐ до Собрание на Република Северна Македонија на ул.„11 Октомври“ и се продолжува право по ул.„11 Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„Трета македонска бригада“, лево по бул.„Србија“ (во спротивен правец), лево по бул.„Јане Сандански“ (во спротивен правец), сѐ до крстосницата со ул.„Васко Карангелевски“, каде се врти полукружно по истите улици до целта – плоштад „Македонија“.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, при што сообраќајот ќе се пренасочува кон околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година

22/10/2026
Македонија

ПРЕКУ БРВЕНИЦА АХМЕТИ СЕ ОБИДУВА ДА СЕ ВРАТИ НА ПОЛИТИЧКАТА

21/10/2026
Македонија

ПРЕКУ БРВЕНИЦА АХМЕТИ СЕ ОБИДУВА ДА СЕ ВРАТИ НА ПОЛИТИЧКАТА

21/10/2026
Македонија

ОТФРЕНА ИНИЦИЈАТИВАТА НА СДСМ ЗА ПОЛИТИКИТЕ КОН НЕЛЕГАЛНАТА МИГРАЦИЈА Уставниот

21/10/2026
Македонија

ЗАВРШИ СОСЛУШУВАЊЕТО НА ВЕШТАКОТ ЗА „ПУЛС“ Одбраната се повикува на

21/10/2026
Македонија

СВЕДОК ТВРДИ ДЕКА УПРАВНИОТ ОДБОР НЕ ДОНЕЛ ОДЛУКА ЗА НАБАВКА

21/10/2026
Македонија

КРАЈ НА НЕОПРАВДАНОТО ШИРЕЊЕ НА ДРЖАВНИОТ АПАРАТ Нацрт закон носи

21/10/2026
Македонија

ПОТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТО ЛИЦЕ ВО ВАРДАР Спасувачки тимови го пребаруваат

21/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46304
  • Регион 3997
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година

22/10/2026

Корисниците од Македонија во текот на 2025 година потрошиле околу 1,4 милиони евра на популарната интернет-платформа OnlyFans, покажуваат податоците од

ПРЕКУ БРВЕНИЦА АХМЕТИ СЕ ОБИДУВА ДА СЕ ВРАТИ НА ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА Не го интересираат интересите

21/10/2026

Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата ,,Само вистина” на Канал 5 телевизија се осврна на темата за изборите во

ПРЕКУ БРВЕНИЦА АХМЕТИ СЕ ОБИДУВА ДА СЕ ВРАТИ НА ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА Не го интереисраат граѓаните

21/10/2026

Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата ,,Само вистина” на Канал 5 телевизија се осврна на темата за изборите во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy