Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пораст на заболените од грип – најмногу случаи во Куманово
Македонија

Пораст на заболените од грип – најмногу случаи во Куманово

04/12/2025

AA

Во периодот од 24 до 30 ноември, односно 48. недела од 2025 година, во државава се пријавени 114 случаи на грип и заболувања слични на грип, покажуваат најновите податоци на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Ова претставува зголемување од 25,3 проценти во однос на претходната недела. Во споредба со истата недела од минатата сезона, бројките се повисоки за 75,4 проценти, а во однос на моделот за последните 15 сезони – за 2,7 проценти.

Заболените се регистрирани во 11 Центри за јавно здравје/подрачни единици. Најмногу случаи има во Куманово – 49, потоа Струмица – 16, Штип – 11, Тетово – 9, Гостивар – 7, Прилеп и Кавадарци – по 6, Македонски Брод – 5, Неготино – 3, како и по еден случај во Радовиш и Скопје.

Од почетокот на сезоната 2025/2026 досега се регистрирани вкупно 776 заболени. Тоа претставува раст од 70,9 проценти во однос на истиот период лани, а споредено со моделот за последните 15 сезони – зголемување од 25,9 проценти. Заболените се пријавени од вкупно 15 ЦЈЗ/ПЕ. Најмногу случаи има на подрачјето на Гостивар, додека највисока кумулативна инциденца е забележана во Македонски Брод.

Најголем дел од заболени лица се од возрасната група од 15 до 64 години – вкупно 584 случаи, што е очекувано со оглед на тоа што оваа група го опфаќа најголемиот дел од населението.

ИЈЗ повторува дека вакцинацијата против сезонски грип останува најделотворната заштита од заболувањето.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Падна Фејсбук: Корисници пријавуваат проблеми со пристапот до апликацијата

12/06/2026
Македонија

Уапсен македонски државјанин во Албанија со килограм хероин скриен во

12/06/2026
Македонија

Крај на исплатите во готовина? Се подготвуваат измени за брзите

12/06/2026
Македонија

Муцунски од Истанбул: Време е политичкото партнерство со Турција да

12/06/2026
Македонија

Наташа Крстевска-Цалева повторно на чело на Вишото јавно обвинителство Скопје;

12/06/2026
Македонија

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат

12/06/2026
Македонија

Почна уписот во средните училишта за 2026/2027 – најмногу места

12/06/2026
Македонија

Жестока реакција: Јавнообвинителската служба алармира дека новиот закон е пропуштена

12/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43732
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Падна Фејсбук: Корисници пријавуваат проблеми со пристапот до апликацијата

12/06/2026

Попладнево голем број корисници пријавуваат проблеми со пристапот до социјалната мрежа Фејсбук, откако апликацијата престана да функционира. Според пријавите на

Уапсен македонски државјанин во Албанија со килограм хероин скриен во комбе

12/06/2026

Албанската полиција во градот Елбасан уапсила македонски државјанин, кај кого во комбето што го управувал бил пронајден околу еден килограм

Крај на исплатите во готовина? Се подготвуваат измени за брзите кредити!

12/06/2026

Зајакнување на надзорот врз финансиските друштва и поголема заштита на корисниците на брзи кредити се дел од новите законски измени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy