
ПОПЛАВИТЕ ВО БОСНА ГО УНИШТИЈА СВЕТИЛИШТЕТО: Само статуата на светецот остана недопрена
Во Босна, светилиштето Свети Јаков во Дежевице ги претрпе катастрофалните поплави.
Светилиштето е уништено, а единствениот дел што остана недопрен е статуата на Свети Јаков. Ова многумина го доживуваат како вистинско чудо. Во поплавите во Босна загинаа 23 луѓе, а по двајца исчезнати се трага. Поплавите погодија пет босански општини.