Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Понудата од компанијата Леонардо избрана за најсоодветна за новата генерација хеликоптери за Армијата, Петровска најави дека набавката влегува во нова фаза
Македонија

Понудата од компанијата Леонардо избрана за најсоодветна за новата генерација хеликоптери за Армијата, Петровска најави дека набавката влегува во нова фаза

23/01/2024

AA

Министерката за одбрана Славјанка Петровска вчеравечер во интервјуто за 360 степени најави дека набавката на осум нови повеќенаменски хеликоптери за Армијата на Република Северна Македонија влегува во нова фаза откако во рамките на Министерството и Армијата, понудата на италијанската компанија Леонардо била потврдена како најсоодветна во процесот на модернизација на хеликоптерските капацитети на Армијата.

„Пред една недела одржавме Управна група, на која што ставот на Генералштабот, што беше потврден од останатите вклучително и од мене, е дека најсоодветна, согласно перформансите, цената, вклучително и системот за одржување е понудата од италијанската компанија Леонардо“, рече министерката.

Набавени ќе бидат два типа на хеликоптери, Агуста 149 и Агуста 169. Едниот хеликоптер е со поголема носивост, до 14 патници со опрема, а другиот е со помала носивост, до 8 патници исто така со вклучена опрема, информираше министерката и додаде дека по оваа одлука се влегува во фаза на формирање на комисијата за набавки која ќе започне со преговарање со компанијата чија што понуда е селектирана како најповолна.

Во однос на останатите проекти за модернизација, министерката истакна дека по пристигнатите 32 возила, годинава се очекуваат околу 16 дополнителни JLTV оклопни возила од американско производство, како и првите оклопни возила Страјкер.

Согласно договорите за набавка, истакна Петровска, испораката на системите за противвоздушна одбрана од Франција се очекува во втората половина на 2025 година, додека артилериските системи од Турција треба да пристигнат во периодот 2025-2026 година.

Буџетот за одбраната годинава го надмина прагот од 2 проценти од БДП, односно изнесува 2,05% или околу 327 милиони евра. Една третина од одбранбениот буџет е наменет за модернизација и опремување на Армијата со што Северна Македонија ги исполни двата критериуми на НАТО- Алијансата за буџетирање на одбраната – минимум 2 проценти од БДП за одбрана и најмалку 20% од овие средства за модернизација.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СУДИЈАТА КАТЕВЕНОВСКИ БИЛ РАЗРЕШЕН ЗАШТО НЕ ГИ ИСПОЛНИЛ НАРАЧКИТЕ НА

21/02/2026
Македонија

ЗАБРАНА ЗА ДВЕТЕ ФИРМИ ШТО ВРШАТ ИСКОП КАЈ ИЗВОРОТ ШУМ

21/02/2026
Македонија

СКАНДАЛ СО ВОДАТА ВО СТРУГА: Фирми од Велешта нелегално копале

21/02/2026
Македонија

ВИКЕНДОВ ПОСТУДЕНО И ВЕТРОВИТО На планините ќе провејува снег

21/02/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ОДЗЕМА ПРОСЕЧНО ПО 5 АВТОМОБИЛИ ДНЕВНО За враќање на

21/02/2026
Македонија

ДОЖДОВИТЕ ЌЕ ПРЕСТАНАТ, НЀ ЧЕКААТ ПОТОПЛИ ДЕНОВИ До среда температури

20/02/2026
Македонија

Давкова: Доста ни се „пост-фестум“ извинувања, на Македонија ѝ треба

20/02/2026
Македонија

Спречен вооружен напад во Тетово?! Блокиран патот кај кружниот тек

20/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41738
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СУДИЈАТА КАТЕВЕНОВСКИ БИЛ РАЗРЕШЕН ЗАШТО НЕ ГИ ИСПОЛНИЛ НАРАЧКИТЕ НА ЗАЕВ Ете како работел судот

21/02/2026

Секојдневно пред очите на целокупната јавност излегуваат сведоштва за злоупотреба на институциите, притисоци и уцените за време на владеењето на

ЗАБРАНА ЗА ДВЕТЕ ФИРМИ ШТО ВРШАТ ИСКОП КАЈ ИЗВОРОТ ШУМ Осомничени се за загадување на

21/02/2026

Преземајќи истражни дејствија по наредба на Основното јавно обвинителство Струга за испитување на причините за загадувањето на водата од извориштето

СКАНДАЛ СО ВОДАТА ВО СТРУГА: Фирми од Велешта нелегално копале карпи и ги загадиле изворите

21/02/2026

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Струга е на чекор до расчистување на случајот со енормното загадување на водата за пиење во

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy