Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Петровска: Новиот Закон за вработени во одбраната носи позитивни решенија кои ќе ги подобрат работните процеси во Министерството
Македонија

Петровска: Новиот Закон за вработени во одбраната носи позитивни решенија кои ќе ги подобрат работните процеси во Министерството

23/01/2024

AA

На прашање поврзано со Предлог-законот за вработените во одбраната кој се наоѓа во собраниска процедура, министерката за одбрана Славјанка Петровска за 360 степени објаснува кои се придобивките од ова законско решение и на кој начин Законот ќе влијае на унапредување на работните процеси во Министерството.

„Кога зборуваме за бенефитите и придобивките од овој закон дадени се многу позитивни решенија кои ќе ги подобрат работните процеси во Министерството. Не можете да очекувате вработените да бидат доволно мотивирани ако немате соодветна алатка, не само за парична награда или за зголемување на нивните плати, меѓутоа и за побрзо, поефикасно и се разбира правично унапредување во системот“, рече министерката.

Таа информираше дека на владина седница врз основа на иницијативата од претседателот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов биле предложени две одлуки поврзани со бранителите, кои ќе бидат доставени до иницијаторот за потврда дека тие се соодветни на она што е побарано во иницијативата, по што Владата на наредната седница ќе ги прифати овие одлуки.

Петровска се осврна и на неодамна завршениот прв јавен повик за стипендирање на студенти од критични специјалности за Армијата, одредба која постои и во Предлог-законот за вработените во одбраната.

„Во договорот за стипендирање ќе биде одредено, во зависност од сумата на стипендија за колкав временски период најмалку се обврзани овие лица да работат во Армијата. Оние со кои што потпишавме сега Договор тие ќе бидат вработени во Армијата, ќе бидат офицери и тие додека да стапат на должност како вработени, додека го завршат образовниот процес ќе треба да поминат и обука согласно обуките кои се изведуваат на Воената академија за да можат да го добијат офицерскиот чин“, истакна министерката. Посочи дека оваа одредба постои и во Законот за вработените во одбраната и дека новиот јавен оглас за стипендирање ќе биде објавен по завршување на изборниот процес.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ НА УКРАИНСКО ТЛО НЕМА ДА ИМА Мисајловски тврди

01/10/2026
Македонија

МИНУС НАУТРО, ПЛУС 26 ПРЕКУ ДЕН Северен ветер и сончево

01/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија

01/10/2026
Македонија

ДАВАЛ ПОТКУП ЗА ЛИЦЕНЦА ИАКО „ПУЛС“ НЕ ГИ ИСПОЛНУВАЛ УСЛОВИТЕ

01/10/2026
Македонија

„ИМЕТО Е СМЕНЕТО, ЗНАМЕТО Е СМЕНЕТО, ХИМНАТА Е СМЕНЕТА…“ Мисајловски

01/10/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ПРЕД НОВ ПРИТВОР, ОТВОРЕНА НОВА ИСТРАГА Обвинителството бара

01/10/2026
Македонија

СО БУГАРИЈА НИ ТРЕБА ЕВРОПСКИ, А НЕ СРЕДНОВЕКОВЕН ДИЈАЛОГ Димитровски

01/10/2026
Македонија

ОД РИМ НАЈАВА ЗА НОВА ЕРА ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Македонија

01/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45928
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ НА УКРАИНСКО ТЛО НЕМА ДА ИМА Мисајловски тврди дека Македонија нема да испрати

01/10/2026

Македонија нема да испраќа свои војници во Украина, порача министерот за одбрана Владо Мисајловски, нагласувајќи дека државата никогаш не презела

МИНУС НАУТРО, ПЛУС 26 ПРЕКУ ДЕН Северен ветер и сончево време низ Македонија

01/10/2026

Метеоролозите најавуваат ведро и студено утро, по што во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија од приемот кај Трамп

01/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски објави фотографија од приемот кај американскиот претседател Доналд Трамп, на кој присуствувал за време на престојот во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy