Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Николоски: Реизбран сум за потпретседател на групата на Европската народна партија во Советот на Европа, благодарност до членовите на ЕНП
Македонија

Николоски: Реизбран сум за потпретседател на групата на Европската народна партија во Советот на Европа, благодарност до членовите на ЕНП

23/01/2024

AA

Во Сразбур се одржува редовната зимска сесија на парламентарното собрание на Советот на Европа и ја имам честа да бидам реизбран за потпретседател на групата на Европската Народна Партија, тука во Советот на Европа.

Оваа позиција за извршував и во изминатите две години, а денес ја добив поддршката од членовите на Европската Народна Партија и во следните две години да бидам потпретседател на Европската Народна Партија во Советот на Европа.

Тоа е и огромна чест и огромна привилегија, имајќи предвид дека се работи за најголемото политичко семејство во Европа, кое што има пратеници и во Советот на Европа и во Европскиот Парламент, најголем дел од претседателите и премиерите на замјите членки на Европската Унија доаѓаат токму од Европската Народна Партија. Исто така и претседателката ка Европската Комисија доаѓа од Европската Народна Партија.

Ова е, исто така, и една потврда и поддршка и за Македонија како и за мојата политичка партија, ВМРО-ДПМНЕ која што е член на Евопската Народна Партија. Во следните две години ќе продолжам да се залагам за заштита на човековите права, на малцинските и на јазичните права на сите оние на кои што им се загрозени, особено на Македонците кои што живеат во Бугарија, во Грција и во Албанија кои што немаат признати малцински јазични права.
Исто така, ќе продолжам да се залагам за интересите на Македонија и ќе се обидам оваа позиција да ја искористам најдобро можно.

Она што преставува дополнителна привилегија и чест е што, покрај мене, избрани се уште пет други политичари на оваа позиција како потпретседатели на Европската Народна Партија во Советот на Европа. Тоа се проминентни политичари кои што доаѓаат од држави како Германија, Италија, понатаму, тука е Норвешка и Полска што значи е еден навистина престижен избор кој што само покажува што треба да правиме во следниот период и на каде треба да се движи политиката и на мојата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, но и на Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44975
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар приведени откако се обиделе да

12/08/2026

Полициски службеници во Гостивар вчера околу 13:30 часот го лишиле од слобода 86-годишниот Т.С. и неговиот 60-годишен син М.С. од

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел

12/08/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Центарот за јавно здравје Скопје официјално прогласија епидемија на Западнонилска треска во повеќе општини

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и локално невреме

12/08/2026

Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy