Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СУДИЈАТА КАТЕВЕНОВСКИ БИЛ РАЗРЕШЕН ЗАШТО НЕ ГИ ИСПОЛНИЛ НАРАЧКИТЕ НА ЗАЕВ Ете како работел судот во времето на СДСМ и ДУИ, вели ВМРО-ДПМНЕ
Македонија

СУДИЈАТА КАТЕВЕНОВСКИ БИЛ РАЗРЕШЕН ЗАШТО НЕ ГИ ИСПОЛНИЛ НАРАЧКИТЕ НА ЗАЕВ Ете како работел судот во времето на СДСМ и ДУИ, вели ВМРО-ДПМНЕ

21/02/2026

AA

Секојдневно пред очите на целокупната јавност излегуваат сведоштва за злоупотреба на институциите, притисоци и уцените за време на владеењето на СДСМ и ДУИ. Најново, поранешниот судија на Врховниот суд Ристо Катевеновски во интервју посочи дека бил разрешен откако одбил да даде позитивно мислење за предмет поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, пишува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

„Власта на СДСМ беше одбележана по бруталните политички монтирани случаи, спроведени преку Русковска-обвинителството и Кацарска-судството, кои наместо по правото, гонеа и судеа според наредбите на Заев.

Судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица носеле одлуки по нарачка на Заев и Ахмети, а тие кои одбивале да бидат послушници биле разрешувани од функциите.

Судијата Катевеновски вели дека во 2019 година, го добил случајот од поранешното СЈО, за кој требало да даде мислење, но како што вели тој, немало никаква правна можност, ниту пак некакво кривично дело за да даде позитивно мислење за случајот.

Според Катевеновски, за конкретниот случај не постоела правна основа за поинакво постапување, а одлуката за негово разрешување следувала непосредно по неговото одбивање.

Овие тврдења сериозно ја доведуваат во прашање независноста на судството во период на владеењето на СДСМ и ДУИ. Имало системски притисоци врз носители на правосудни функции и злоупотреба на институциите за политички цели.

Судиите и обвинителите послушници на Заев и Ахмети се виновни за довербата во судството од само 2 проценти.

Неопходни се реформите во правосудството како клучен предуслов за враќање на довербата на граѓаните, обезбедување владеење на правото и гарантирање еднаквост пред законите.

Во услови кога има сериозни обвинувања за политички притисоци и селективна правда од страна на поранешната власт на СДСМ и ДУИ неопходен е сеопфатен и суштински реформски процес. Одговорност мора да има“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Нови повисоки цени на горивата: Дизелот поскапува за 4,50 денари

27/07/2026
Македонија

Ангелов за водата во Крушево: Поради прекин на струја еден

27/07/2026
Македонија

Од утре сончево и топло време, температурите повторно во пораст

27/07/2026
Македонија

Кривична пријава за даночно затајување: Фирма и управител го оштетиле

27/07/2026
Македонија

Епидемијата во Гостивар се стабилизира: Намален бројот на пациенти 

27/07/2026
Македонија

Шпанија оживува рудник затворен 40 години – нови инвестиции, локални

27/07/2026
Македонија

Притвор за струмичанец осомничен дека подметнал пожари на трактор и

27/07/2026
Македонија

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44684
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Нови повисоки цени на горивата: Дизелот поскапува за 4,50 денари

27/07/2026

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука

Ангелов за водата во Крушево: Поради прекин на струја еден час не работел уредот за

27/07/2026

Проблемот со крушевскиот водовод не е ист со кризата што го зафати Гостивар, бидејќи причината била краткотраен прекин на електричната

Од утре сончево и топло време, температурите повторно во пораст

27/07/2026

Променливо облачно наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy