Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОМАЛКУ САДИМЕ, УШТЕ ПОМАЛКУ ПРОИЗВЕДУВАМЕ – се намалуваат површините под пченица, но и доматите се помалку „раѓаат“
Економија

ПОМАЛКУ САДИМЕ, УШТЕ ПОМАЛКУ ПРОИЗВЕДУВАМЕ – се намалуваат површините под пченица, но и доматите се помалку „раѓаат“

16/07/2024

AA

Намалување на засадените
површини со земјоделски продукти
бележи државниот завод за статистика во
последната анализа „Македонија во бројки“.

Пад кај обработените површини има кај повеќето култури, а зачудува фактот што и покрај растот на
површините кои се засадени со некои култури, како што се доматите, има намалување
на произведените количини.

– 
Растителното
производство во периодот од 2013 до 2023 година се карактеризира со намалување
на површините под пченица и тутун, а површините на јачмен и домати бележат
пораст – посочуваат статистичарите.

Бројките
покажуваат дека површините во Македонија „покриени“ со пченица значително се
намалиле, па од некогашните 80.980 хектари, во текот на минатата година со оваа
житна култура биле засеани само 69.522 хекатри.

Намалување имаме
и кај засадените јаболки и винови лози. Имено од 4.385.971 засадени јаболка во
2013 година, нивниот број се намалил на 4.056.034 стебла минатата година.

Исто така и кај
грозјето има намалување, па од 82.354 илјади родни пенушки во 2013 година,
нивниот број се спуштил на 78.778 илјади стебла минатата година.

Од друга страна
статистичарите утврдиле дека кај засадените површини со домати имаме раст. Па
од 5.457 хектари во 2013 година, површините на кои се засадува овој зеленчук се
зголемиле на 5.666 хектари.

Но, се забележува
уште една негативна појава во македонското земјоделие. А тоа се слабите приноси
по хектар.

Зачудува фактот
што иако имаме раст на површините кои биле засадени со домати, произведените
количини се намалиле.

Па така кај
доматите од некогашните 23.999 килограми домати добиени на еден хектар во 2013
година, нивната количина спаднала на 20.541 килограм на хектар.

Ниту кај
пченицата состојбите не се значително подобри. Па така во 2013 година биле
произведени 3.198 килограми пченица по хектар
, додека во 2018 се зголемила на 3.396,
за во текот на минатата година повторно да има намалување и да спадне на 3.095
килограми пченица по хектар.

Дури и приносите
на јаболките се намалиле. Имено кај јаболките статистичарите пресметале дека на
едно стебло во 2013 година се родиле 26 килограми јаболка
, чија количина се
зголемила во 2018 година, за потоа минатата година да забележи драстичен пад и
да спадне на само 20 килограми јаболка од стебло.

Земјоделците и
упатените во земјоделските култури посочуваат дека во приносите на одредени
култури голем уддел играат и временските прилики, кои во последниве години во
Македонија воопшто не се поволни. Сушните периоди, повремени обилни дождови и
нверемиња стануваат се почести, што според самите земјоделци во голема мера се
одразува врз производството.

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ

09/11/2026
Македонија

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои

09/11/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три

09/11/2026
Македонија

ОПШТИНАТА НЕ Е СПОСОБНА ДА СЕ СПРАВИ СО КРАВИТЕ, ПА

09/11/2026
Македонија

ГИ ГРАДИМЕ ТЕМЕЛИТЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ПОБЕДИ Мицкоски на прослава на

09/11/2026
Македонија

ДО ВИКЕНД ТОПЛО И ДОЖДЛИВО, СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 20 СТЕПЕНИ

09/11/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР Гори магацин, огнот го гаснат со

09/11/2026
Македонија

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СЕ ПОЧИТУВА ВО ИЈЗ, ДУИ НАПАЃА ОД

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46685
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ РЕДОВНИ ИЗБОРИ Гаши уверен дека

09/11/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека партиите треба да седнат на разговор за измените на Законот за јавните набавки,

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои работи отидоа предалеку

09/11/2026

Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека Европската Унија сторила неправда кон Македонија со тоа што по потпишувањето на Преспанскиот

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три куќи, гаснеле 22 пожарникари

09/11/2026

Пожарот што избувна попладнево кај Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола. Во интервенцијата учествуваа 9 противпожарни возила и 22

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy