Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Половина од светот страда уште еден месец топлотен бран
Македонија

Половина од светот страда уште еден месец топлотен бран

30/05/2025

AA

Половина од светот се соочи со уште еден месец топлотни бранови минатата година поради глобалното затоплување предизвикано од човекот, како што се тврди во студијата објавена во петокoт.

Резултатите од истражувањето укажуваат на степенот до кој континуираната употреба на фосилни горива му штети на здравјето и благосостојбата на сите континенти, со последици кои не се доволно препознаени во земјите во развој, тврдат научниците кои учествувале во студијата.

„Со секој барел нафта што се согорува, со секој тон ослободен јаглерод диоксид и секој дел од степенот на затоплување, топлотните бранови ќе влијаат на повеќе луѓе“, рече Фридерике Ото, климатолог на Кингс колеџ во Лондон и коавтор на студијата.

Анализата ја спроведоа научници од World Weather Attribution, Climate Central и Климатскиот центар на Црвениот крст и Црвената полумесечина, а беше објавена пред Светскиот ден на топлината на 2 јуни, кој оваа година се фокусира на опасностите од исцрпеност од топлина.

За да го проценат влијанието на глобалното затоплување, научниците го анализираа периодот од 1 мај 2024 година до 1 мај 2025 година. Тие ги дефинираа „екстремно топлите денови“ како оние што беа потопли од 90 отсто од температурите регистрирани на локациите помеѓу 1991 и 2020 година.

Споредувајќи го бројот на такви денови со симулиран свет без глобално затоплување предизвикано од човекот, тие дојдоа до зачудувачки резултат: околу четири милијарди луѓе, 49 отсто од светската популација, се соочиле со екстремна топлина 30 дена подолго отколку во симулираниот свет.

Научниците идентификувале 67 епизоди на екстремна топлина во текот на изминатата година и пронајдоа знак на климатски промени во секоја од нив. Карипскиот остров Аруба бил најтешко погоден, со 187 дена екстремна топлина, 45 дена повеќе отколку во симулираниот светот без климатски промени, кој инаку е практично невозможен.

Минатата година беше најжешката досега, надминувајќи ја 2023 година, додека јануари 2025 година беше најтопол досега.

Глобалните температури се за 1,3 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа, според петгодишен просек, а во 2025 година надминаа 1,5 степени Целзиусови, симболичниот плафон поставен со Парискиот климатски договор од 2015 година.

Европа регистрираше 61.000 смртни случаи кои ѝ се припишуваат на топлина во летото 2022 година, нона овие научници им недостигале податоци од други региони, и според нивното тврдење смртните случаи наводно поврзани со горештините погрешно се припишуваат на срцеви или белодробни заболувања.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Песков: Русија е подготвена да му помогне на Иран на многу начини, сè зависи од

23/06/2025

Русија е подготвена да му помогне на Иран на различни начини поради ескалацијата на Блискиот Исток, а тоа во голема

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy