Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пендаровски: Не е потпишан договор за стратешко партнерство со Британија
Македонија

Пендаровски: Не е потпишан договор за стратешко партнерство со Британија

30/05/2025

AA

Поранешниот претседател Стево Пендаровски тврди дека Македонија во моментов нема договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, како што најавуваше актуелната влада, туку само меморандум за соработка.

„Во она што ни е дадено на увид и што беше ратификувано во средата попладне, нема ништо стратешко“, вели Пендаровски во интервју за Дојче Веле.

Тој посочува дека документот според својата содржина повеќе наликува на меморандум за соработка, па дури и на почетно писмо за намери, во кое двете влади набројуваат четири области за идни преговори и договори.

„Во суштина, тоа е само начелен договор за британско кредитирање на инфраструктурни проекти во Македонија кои допрва ќе бидат прецизирани од двете страни“, потенцира поранешниот шеф на државата.

Пендаровски додава дека британската страна навестила можност за нов договор во иднина, кој навистина би ги опфатил стратешките аспекти од билатералните односи меѓу Скопје и Лондон.

„Да сме живи и здрави, можеби еден ден тоа ќе го видиме, но ова што сега го имаме нема никаква врска со стратегија. Ова е договор да седнеме и да разговараме за тоа што ни треба за кредитирање“, заклучува Пендаровски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy