Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Полициска акција за сервисирањето на службените возила
Магазин

Полициска акција за сервисирањето на службените возила

05/02/2025

AA

Полициска акција се спроведува во моментов во врска со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во Министерството за внатрешни работи.  

-Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за крим полиција и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по насоки на надлежен jавен обвинител во тек се мерки и активности поврзани со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во МВР, потврдија од МВР.

Од ОЈО кусо соопштија дека заедно со Финансиската полиција преземаат дејствија за обезбедување докази во предмет за неколку кривични дела – примање поткуп, давање поткуп, проневера во службата и несовесно работење.

„Во тек се претреси на локации во Скопје, за што е обезбедена наредба од судија на претходна постапка, а се преземаат и други дејствија“, соопштиваат од ОЈО.

Според се уште неофицијалните информации, како што објавија дел од медиумите, станува збор за истрага поврзана со сомнежи за злоупотреба на тендери за сервисирање на службените возила. 

Имено, повеќето медиуми јавуваат дека се врши претрес во домот на поранешниот директор на СОЗР Служба за заеднички и општи работи на Владата, Пеце Мирчески, како и дека тој е упасен. Финансиската полиција врши претреси во неговиот дом во врска со случаи поврзани со злоупотреби во СОЗР во делот на јавни набавки и други злоупотреби. 

Повеќе детали за акцијата се очекувата во текот на денот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЈАНЕВ ГИ РАЗБИ ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО БОГДАНЦИ Момчето претходно

05/11/2026
Македонија

АЛТА БАНКА ИСПЛАТИ 556 ПЕНЗИОНЕРИ, ЌЕ РАБОТИ ВО ДВЕ СМЕНИ

05/11/2026
Македонија

СДСМ ОДИ ДОТАМУ ШТО ГИ ОБВИНУВА И ММФ И СВЕТСКА

05/11/2026
Македонија

НБРМ РАБОТИ НА РЕШЕНИЕ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО АЛТА БАНКА Во

05/11/2026
Македонија

ИЗВЕШТАЈОТ ЗА МАКЕДОНИЈА ЗА 2026 ГОДИНА Е ПОДОБАР ОД ПРЕТХОДНИОТ

05/11/2026
Македонија

НЕМАМЕ НЕДОСТИГ НА РЕФОРМИ, ТУКУ ПРЕОСТАНАТИ ПОЛИТИЧКИ УСЛОВИ Мицкоски истака

05/11/2026
Македонија

ЖЕРНОВСКИ НЕ ЗНАЕ ДЕКА ЛАУРА КОВЕШИ ВЕЌЕ НЕ Е ЕВРОПСКИ

05/11/2026
Македонија

ПРИВЕДЕН ДРАГАН ПЕТРОВСКИ – ШТУКА Осомничен е како организатор на

05/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46602
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЈАНЕВ ГИ РАЗБИ ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО БОГДАНЦИ Момчето претходно било приведено, му биле изречени

05/11/2026

Со цел да не се шират шпекулации и неточни информации кои ги има во јавноста, сакам да истакнам дека полицијата,

АЛТА БАНКА ИСПЛАТИ 556 ПЕНЗИОНЕРИ, ЌЕ РАБОТИ ВО ДВЕ СМЕНИ Исплатата на социјална помош започнува

05/11/2026

Вкупно 556 пензионери денеска подигнале средства од своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, соопшти Народната банка. Станува збор за

СДСМ ОДИ ДОТАМУ ШТО ГИ ОБВИНУВА И ММФ И СВЕТСКА БАНКА Обвинувањата на опозицијата се

05/11/2026

Обвинувањата на опозициската СДСМ дека Владата го фингира јавниот долг премиерот Хистијан Мицкоски го оквалификува како саботажа и удар врз

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy