Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОЛИЦИЈАТА ЛОВЕШЕ БЕЗОБЅИРНИ ВОЗАЧИ Приведени двајца пијани и десетмина без дозвола
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ЛОВЕШЕ БЕЗОБЅИРНИ ВОЗАЧИ Приведени двајца пијани и десетмина без дозвола

11/04/2026

AA

Дванаесет возачи се приведени во изминатото деноноќие поради безобѕирно управување возило, при што најголемиот дел од нив биле зад волан без возачка дозвола, информира полицијата.

Од приведените, десет возачи управувале возила без положен возачки испит, додека двајца возеле под дејство на алкохол. Според податоците, двајца биле затекнати во Скопје, еден во Штип, еден во Кичево, двајца во Велес и четворица во Тетово, од кои двајца биле малолетници.

Еден од случаите во Велес завршил со сообраќајна незгода, кога возач кој бил под дејство на алкохол предизвикал судир. Под дејство на алкохол бил затекнат и уште еден возач во Битола.

По целосното документирање на случаите, против возачите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од полицијата апелираат учесниците во сообраќајот да ги почитуваат правилата, да не управуваат возило без возачка дозвола и да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол, со цел да се зголеми безбедноста на патиштата.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44972
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку рудари

12/08/2026

Македонското рударство се соочува со парадокс: професијата станува сè подобро платена, но бројот на луѓето што работат во секторот значително

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026

Во големата судница во „Идризово“ закажано рочиште за кочанската трагедија, во која загинаа 63 луѓе, а над 200 беа повредени.

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy