ГИ ИСТЕПАЛ СИНОТ, СОПРУГАТА И БРАТОТ Приведен насилен битолчанец
47-годишен битолчанец е приведен откако во семејниот дом физички ги нападнал синот, сопругата и братот, соопшти МВР.
Г.Н. бил лишен од слобода на 7 октомври во 00:05 часот од полициски службеници од СВР Битола.
Според пријавеното, тој во семејниот дом во Битола ги нападнал тројцата членови на семејството, при што им нанел повреди.
По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
.
Извор: plusinfo.mk